„Бев на панаѓур во гратчето Аминдеон во Грција - патував 1 час од Битола, а ме изненадија евтините цени“

Малото гратче Аминдеон освен што ни го понуди панаѓурот, домаќински не угости во автентичните локали и кафе барови.

Па слободно можам да кажам дека после големата гужва, овој освежителен пијалак навистина добро ни дојде.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-08.jpg

Секој кафе бар беше приказна за себе од кој зборуваше неговиот уникатен интериер.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-07.jpg

Ако си во Грција, тогаш мора да пробаш гиро или локумадес, па според оваа девиза тргнавме и ние.

Откако ни здодеаја штандовите со гардероба, отидовме да јадеме нешто.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-05.jpg

Скарите на кои се печеше месото, големиот број на келнери кои те покануваат да седнеш кај нив и да пробаш од тоа што приготвуваат беа нешто навистина убаво за памтење.

Тука беа и штандовите на кои се продаваа различни видови на слатки. Ја имаше превкусната раванија, малите баклавчиња и алвата прекирена со јатки ореви, сладолед.

Се печеа костени и пченка.

А во масло се пржеше и локумадесот. Мора да ви кажам дека не му одолеав на мирисот и изедов една порција локумадес прекриен со чоколадо.

Вкусот ме остави без зборови.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-09.jpg

Навистина ми е мило што дознав за оваа традиција која владее секој октомври во Аминдеон.

Прекрасно искуство кое секогаш ќе го паметам.

Атмосфера која морате барем еднаш во вашиот живот да ја почувствувате.

Доколку некогаш патот ве носи до тоа место, бидете сигурни дека доколку го посетите нема воопшто да се покаете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg