„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“

„Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема да ме научиш како да танцувам и да пеам, како да ги врзувам чевлите, нема да играш кошарка со мене, да ми ги лакираш ноктите, да ме гушнеш и да му се заканиш на момчето кое ми го скрши срцето...“

otvoreno-pismo-do-mojot-tatko-koj-nikogash-ne-beshe-tuka-za-mene-01.jpg

За жал, не сите ја имаме таа привилегија да растеме во среќно и хармонично семејство. За некои помалку, за некои повеќе, но животот може да биде тежок, а кога ја немаме потребната поддршка кога растеме, ни се чини дека светот не е толку убаво место за живеење.

Една девојка, која страдала растејќи без таткова љубов и внимание, сподели отворено писмо со кое се обраќа до нејзиниот татко.

Еве ги нејзините зборови во кои се чувствува копнежот по една од најзначајните фигури во нашиот живот:

„Драг тато,

Секој ден гледам во филмови, серии, па дури и во реалниот живот, татковците секогаш се тука за нивните деца, никогаш не сакајќи да ги изневерат.

Ги гледам како ги носат нивните ќерки во училиште, ги учат како да си ги врзуваат чевлите, играат бејзбол со нивните синови, им помагаат на децата да учат, да бидат тука за нив, не само како учител низ овој злобен и суров свет, туку и како пријател каков што никаде на друго место нема да најдат, освен во улогата на татко.

Она што мислам дека ми го крши срцето е тоа што ти никогаш не си бил и никогаш нема да бидеш таа личност за мене.

Како деца, сè што сакаме од нашите родители е љубов. Како што растеме и почнуваме да го разбираме светот околу нас, почнав да согледувам дека да се биде родител е нешто многу повеќе.

Да, љубовта е многу важна, но како татко, не само што ги сакаш децата, туку и ги учиш и не заминуваш кога работите стануваат тешки. Остануваш и ги сакаш своите деца и правиш сè што можеш за нив.

Целиот живот гледав како ме изневеруваш.

Гледав како не плаќаш алиментација, не купуваш роденденски или божиќни подароци.

Гледав како исчезнуваш од мене и ме оставаш и се враќаш во мојот живот нормално, како да не си погрешил и како сè да е во ред.

Гледав како ме повредуваш и мислев дека имаше право да ми се извиниш. Те гледав како го правиш ова и ти дозволив.

otvoreno-pismo-do-mojot-tatko-koj-nikogash-ne-beshe-tuka-za-mene-002.jpg

Како што растев научив дека, родител или не, не можев да ти дозволам да ми го правиш ова, но секогаш кога ќе ти објаснев како се чувствувам, грешев, тоа беше лекција дека луѓето секогаш ќе ме изневерат, бев плачливо бебе кое треба да порасне, не разбирав дека ти 'се обидуваше', не го разбирав твојот минат живот и не ти давав одмор, се држев до огорченоста.

Требаше јас да бидам онаа која ќе го направи првиот чекор ако сакав да имам врска со тебе, беше моја грешка, ти секогаш си во право, јас сум крива, тие се… Не си ти.

Па, ова се моите зборови до тебе.

Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти, да можеш да гледаш како растам.

Никогаш нема да ме научиш како да танцувам и да пеам, како да ги врзувам чевлите, нема да играш кошарка со мене, да ми ги лакираш ноктите, да ме гушнеш и да му се заканиш на момчето кое ми го скрши срцето, да ме гледаш како одам во средно училиште, да ги слушаш моите средношколски драми, да ме возиш наоколу…

Никогаш нема да гледаш како започнувам факултет.

otvoreno-pismo-do-mojot-tatko-koj-nikogash-ne-beshe-tuka-za-mene-003.jpg

Тие години не можеш да ги вратиш назад, ги пропушти, не само со мене, туку и со мојата поголема сестра.

Имаш шанса да се справиш подобро со помалите. Не прави ја истата грешка, биди подобар татко, порасни, научи дека тие не се само едни од твоите пријатели, туку твои деца.

Научи дека не секогаш си во право и дека не секогаш си жртва. Нема да дозволам да им го направиш она што ни го направи нам.

Посакувам да можеше да бидеш онаков татко каков што сакав. Посакувам да можеше да ме сакаш како што сите други татковци ги сакаат своите малечки.

Посакувам да имам татко, но според начинот на кој се одвиваа работите повеќе од 20 години, никогаш нема ни да имам.

Јас ќе бидам поголемата личност која ќе каже дека секогаш ќе те сакам.

Со љубов,

Ќерката која никогаш нема да ја запознаеш“.

Извор

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Запознав лице со оштетен вид во воз накај Битола - од неговата приказна разбрав со колкави проблеми ... На многу мала возраст му бил дијагностициран дијабетес. Неговите родители правел...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg