Легендата за Саат-кулата и уште 9 забавни факти за Битола

Во Битола е отворена првата кафеана во Македонија

Македонците се познати по боемскиот живот и љубовта кон кафеаните и меаните, со црвено-бели чаршафи на масите, под дебела сенка и домашно вино. На територијата на Македонија меаните првпат се спомнуваат уште во XV и XVI век.

Но, првата кафеана која е регистрирана во Македонија како угостителски објект е токму во Битола, и тоа во далечната 1827 година. Потоа кафеани се отвориле во Велес (1866), Скопје (1873), Штип (1883), Дојран (кафеана „Фук Так“ во 1884 година) и низ другите македонски градови.

interesni-fakti-za-bitola-grad-so-mnogu-iminja-crkvi-i-manastiri-domot-na-prviot-snimatel-na-balkanot-i-07.jpg

На Пелистер има 13 езера и 12 реки

Уште еден од низата интересни факти е за националниот парк Пелистер.

Иако најпознати се езерата Пелистерски Очи, сепак во паркот има 13 езера. Пелистерските Очи се леднички езера и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро и до нив се стигнува само по две, добро обележани патеки.

Меѓу 13-те езера на Пелистер се големото и мало Димитровото Езеро, Орлови Бари или Орлови Езера, Езеро Осумка и Езеро Болници. Овие езера имаат вода само за време на влажни периоди од годината. Од овие 13, 4 се постојани, 3 периодични, 4 повремени и 2 исчезнати.

Низ Пелистер течат и 12 реки - Маловишка, Манастирска, Цапарска, Ротинска, Магаревска, Црвена, Езерска (Лак Поток), Сапунчица, Кранска, Шарска, Брајчинска, и Ржанска Река.

interesni-fakti-za-bitola-grad-so-mnogu-iminja-crkvi-i-manastiri-domot-na-prviot-snimatel-na-balkanot-i-08.jpg

Најстарата населба во Битола е Баирската

Населбата Баир претставува една од најголемите населби во градот, а според битолските археолози, таа е и најстарата.

Ова го потврдуваат и остатоците од катедралната црква (10-11 век) изградена во времето на цар Самуил, на локалитетот Кале, односно на битолскиот рид.

Црквата била изградена како епископско седиште на тогашната патријаршија, а се претпоставува дека токму во неа бил крунисан за цар најстариот син на Самуил, Гаврило Радомир.

interesni-fakti-za-bitola-grad-so-mnogu-iminja-crkvi-i-manastiri-domot-na-prviot-snimatel-na-balkanot-i-09.jpg

Дом на браќа Манаки, првата жена-фармацевтка и првиот Македонец кој го искачил Монт Еверест

Битолска гордост се браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите филмски сниматели на Балканот. Тие се родени во влашкото село Авдела, но се селат во Битола во 1905 година каде го отвориле познатото „Ателје за уметничка фотографија“.

Во 1906 година, за време на нивното учество на големата светска изложба во Букурешт, каде се претставиле со свои фотографии, браќата Манаки за првпат се запознале со филмската камера.

Потоа, Јанаки пропатувал низ повеќе европски метрополи во потрага по камера. Тој успеал во Лондон да купи филмска камера. Со таа фамозна „Камера 300“ започнала кинематографијата на Балканот.

Покрај браќата Манаки кои оставија силен печат не само на македонска, туку и на балканската кинематографија и фотографија, Битола е дом и на други истакнати личности.

Дали знаевте дека првата жена-фармацевтка во Македонија, Рајна Алексова (1882 – 1959), е родена во Битола? Од Битола е и првиот Македонец-алпинист кој се искачил на Монт Еверест, Димитар Илиевски-Мурато (1953 – 1989).

Битола е дом и на браќата Влатко и Горан Стефановски, Кирил Македонски, Јонче Христовски, Драги Михајловски, дом на многу креативни луѓе кои оставиле траен печат во македонската културна и научна традиција.

interesni-fakti-za-bitola-grad-so-mnogu-iminja-crkvi-i-manastiri-domot-na-prviot-snimatel-na-balkanot-i-10.jpg

Град на клавирите

Уште едно од многуте имиња за Битола е дека тој е „Град на клавирите“.

Според раскажувањата на битолчани, во крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век имало 3000 клавири во градот, па оттаму и името „Град на клавирите“.

За старите граѓани, клавирот бил симбол на богатство, класна поделеност и во 50-тите години на 20-тиот век, со процесот на национализација, на многу од семејствата клавирите им биле одземени.

Ако по нешто е позната Битола, тоа е Широк Сокак, каде се живее со мерак и кафе. Уште од дамнешни времиња, овој сокак важел за срцето на културниот и социјалниот живот во Битола.

На широката градска улица некогаш богатите дами и госпоѓи дотерани по најнова мода, шушкале со своите фустани предизвикувајќи бројни воздишки и привлекувајќи туѓи погледи.

Во околните меани и кафеани, најчесто пропратени со кафе, локум и цигари, се воделе најразлични дискусии, се зборувало за актуелните политички или економски случувања.

На Широк сокак било и некогашното „корзо“ каде се мамеле погледи и краделе бакнежи. Звуците на пајтоните и серенадите биле речиси нераскинлив придружен елемент на секојдневието на Широк Сокак.

interesni-fakti-za-bitola-grad-so-mnogu-iminja-crkvi-i-manastiri-domot-na-prviot-snimatel-na-balkanot-i-11.jpg

А, кога се споменува Битола, не смееме да го заборавиме античкиот локалитет Хераклеја, некогашниот антички град посветен на грчкиот херој Херкул, основан во четвртиот век пред нашата ера од страна на Филип Втори.

Битолчани се познати по креативните и уникатни прекари и надимаци, по љубовта на кафето со кајмак и традиционалниот специјалитет, чкембе чорба, за која велат, треба да си имал силен стомак и затнат нос за да се вкуси.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com 



Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg