За жените по 40-тата животот допрва почнува!

По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот, движењето, страста и инспирацијата помагаат многу подобро од фитнес центрите и диетите. Па, да, тоа всушност и е причината што станаа толку убави.

zheni-po-40-tata-za-niv-zhivotot-doprva-pochnuva-01.jpg

Жени по 40-тата. Кои се тие? Ранливи, понекогаш дури и беспомошни. Наивни, полни со доверба, како да имаат 13 години. Тие одамна ја заборавија грубата романтика на 15-годишните девојки, ентузијазмот на 25-годишните и рационалноста на оние на 30 години.

Виделе многу. Потоа замижаа. А потоа ги отворија очите и видоа нов свет, ново јас, нов живот.

Повторно веруваат во подобри работи, бидејќи нив најлошото, по некое правило, веќе им се случило. Тие го добиваат најдоброто, бидејќи се способни да го видат дури и на места каде што другите не го забележуваат. Имаат изострен поглед, чувствителен слух и нежни раце. Тие се држат до сето она што е најдобро за нив.

Тие се убави. Не се симпатични, туку неверојатно убави, бидејќи станаа свесни дека имаат одличен задник, привлечни гради, убави нозе. Тие научија да си ги сакаат задникот, градите, нозете, така што секој може да се заљуби во нив. И тоа да се ​​заљуби во она што е најдобро кај нив.

Тие жени кои имаат над 40 години, е тие ја знаат тајната. Тие не паѓаат на финти и муабети за „милиони“, „кариери“ и „социјални статуси“. Тие сега точно знаат дека она што е најважно не се прикажува на телевизија, не се пишува на интернет и не се пренесува преку статуси на социјалните мрежи.

zheni-po-40-tata-za-niv-zhivotot-doprva-pochnuva-4_copy.jpg

Она што им е важно во животот е самиот живот: неговиот вкус, боја, ритам, мирис, способноста да уживаат и да му се радуваат на секој ден.

Тие одамна ги заборавиле застарените фрази, тактиката на заведување и подготвувањето фустани за излегување. Тие веќе не се во фаза кога „активно бараат“, бидејќи го пронајдоа она што им беше потребно сите овие години - себеси, нивното вистинско јас. И, се покажа дека токму такви се навистина интересни и забавни за сите. Па, добро, скоро за сите.

Тие можат повторно да плачат и да се смеат гласно. И престанаа да го носат оклопот кој го ставаат општествените норми на однесување, на забрани и дозволи.

Го мразат времето кога требаше да бидат со исправен грб и глава без оглед на сè, времето кога се смееја иако им се плачеше, времето кога тивко кимаа со главата, а сакаа да удрат што е можно посилно. Престанаа да се воздржуваат, излегоа на слобода - живи, сензуални, беспрекорни!

Тие живеат исто како што дишат: силно, потоа тивко, а потоа нежно, едвај чујно, потоа брзо и непромислено. Тие дишат во ритамот на животот, во ритамот на дишењето. Конечно, по 40-тата успеваат да живеат во исто време со животот.

zheni-po-40-tata-za-niv-zhivotot-doprva-pochnuva-03.jpg

Жените по 40-тата не се тетки! Тие носат долги здолништа затоа што им е убаво. Носат и кратки здолништа и фармерки. И бижутерија. Тие немаат потреба да се фалат дека имаат дијаманти. Важно им е да им се допаѓа тоа што го носат.

Не сакаат да знаат за „модата“ и „трендот оваа сезона“. Тие само сакаат тоа да биде убаво за нивните очи. Тие се тренд самите по себе.

По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот, движењето, страста и инспирацијата помагаат многу подобро од фитнес центрите и диетите. Па, да, тоа всушност и е причината што станаа толку убави.

Тие знаат да ја ценат секоја минута, секаде стигаат на време, никогаш не доцнат, бидејќи никаде не брзаат. Тие постигнуваат. Тие се борат. Тие едноставно - живеат. И точно знаат дека и по следните 40, ќе им биде уште поинтересно!

Извор

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg