Списокот за роденден секоја година се намалува, бидејќи гостите заминуваат со билет во еден правец

Списокот на гости за роденден се намалува секоја година.

Razgovorite-na-Skajp-i-Viber-so-sakanite-e-kako-da-potpiknuvas-stari-krpcinja-na-skrsen-prozorec-01.jpg

Порано родителите употребуваа смешен израз – „Хотел промаја“, денес конечно му го сфаќам значењето.

Ова навистина е хотел промаја, само што повеќе луѓе си заминуваат отколку што доаѓаат.

Пиев кафе со другар ми што живее во Америка на Скајп пред некој ден.

Се убедувам дека далечината не ни може ништо. Се смееме, додека му ги раскажувам последните новости.

Посакувам да го гушнам, станувам и со цел памет го гушкам мониторот. Гушкам парче пластика и реалноста силно нè штрекнува, а ситуацијата од комична станува тажна.

Доста е за денеска, се слушаме набрзо.

„Што има ново?“, ме прашува другарка ми на секои две години кога се враќа од Дубаи.

„Ништо, како нè остави, така и нè најде“, се смеам и во суштина на прв поглед можеби ништо не се сменило, но истовремено – сè се сменило.

„Еве оваа чанта ми е нова, страшно банално, и уште 2 други имам нови. Ми се роди внука, е мекиците ги пропушти. Сменив работа, почнав да живеам сама. Се снаоѓам некако. Баба ми почина...

Не, не размислувам за мажачка, излегувам сега со еден добар дечко... Не, не е Иван, друг е овој... Да, кога ќе размислиш, многу работи се смениле“.

Немам срце да ѝ кажам колку ми недостига, како плачам навечер, колку ме боли далечината, а комуникацијата на Скајп и Вибер е како да потпикнуваш стари крпчиња на скршен прозорец, безнадежно, мене ми студи.

Ме боли кога не ми е во близина, макар некогаш само да молчиме. Нашите мајки биле најдобри другарки, а бевме и ние.

Тие сè уште си ги имаат своите неделни ритуали – се качуваат на Водно секоја сабота, си одат во кино, си јадат баклави во Чаршија, се кикотат како кога биле млади.

Јас немам ништо. Јас имам далечина и празнина, огромна сметка на мобилниот и покана за посета која никогаш не ја реализирам, зашто мислам дека ќе ми биде уште потешко.

И список за роденден кој секоја година се намалува сè повеќе, бидејќи гостите заминуваат со билет во еден правец.

Ги разбирам причините, сè ми е кристално јасно. Понекогаш се прашувам зошто јас не фатив џаде од оваа небиднина, оваа дупка која нè вовлекува во вртолом, нè гмечи, ни ги крши коските, ни ја цица надежта и бездушно нè исфрла како стари изветвени крпи.

Ние вложивме многу, а добивме трошки. Секој би си заминал, некаде каде што ќе го ценат неговото образование и трудот, наместо да се чувствува како непосакуван гостин во сопствениот дом.

Се прашувам дали и на другарка ми ѝ е тешко како и мене.

Размислува ли за својот дом? Ѝ недостига ли мирисот на печени костени на есен, успеваат ли да ѝ ја погодат фризурата како кај нашата фризерка? Кој се грижи за неа кога е болна?

Дали тие пријатели таму се како овие што ги имаме тука, знаат ли да се смеат на стари скечеви од К-15 и го разбираат ли значењето на зборот сеир?

Помислува ли на сè што поминавме, журките на Архитектонски, сите наши симпатии и несреќни љубови, моментот кога ги земавме дипломите и се сликавме пред споменикот?

Себична сум, знам. Сакам сите блиски луѓе да ми се во близина, постојано околу мене.

Не сакам да се мажам без вујко ми, без другар ми, без мојата најдобра другарка.

Не сакам ниту еден настан во мојот живот да помине во нивно отсуство и да морам да го прераскажувам на Скајп.

Не сакам да станеме странци и да се храниме од спомени, сакам да создаваме нови.

Ги разбирам, но не сакам да си заминуваат.

И уште поважно – не сакам никогаш да заборават што сме, што сè проживеавме и колку си значиме.

Дури и да сте на крајот од светот, во моето срце секогаш ќе има место за вас.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв род... Драги мои, неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg