Оној кој скапува однатре, тој е оној за кој нема враќање

Се сеќавам како да беше денес, како да ги гледам малите прсти свиени во поза за ветување пред очиве кога дадовме завет дека едниот ќе го чува грбот на другиот, ветивме дека тоа ќе трае засекогаш, ветивме и многу повеќе од тоа. 

ne-postoi-vozobnovuvanje-za-lugeto-koi-se-skapani-odvnatre-001.jpg

Ветивме еден живот на кој сите ќе ни завидуваат, едно пријателство кое не умира.

Ветивме  дека никогаш нема да дозволиме без разлика што и да се случи, без разлика колку животот ќе не нагмечи, без разлика на сѐ ние ќе бидеме двете деца кои трчаа до врвот на планината за да уживаат во погледот кон езерото.

Стојам сега на терасата, влажни се улиците, влажно е небото, влажни ми се очите. Знаеш велат дека некои работи едноставно не можат да бидат променети, колку и да сакаш однатре, без разлика колку тоа боли, а боли до коска да бидам искрен и е причина за моето одвратно расположение денес.

Се прашувам како настануваат тие необјасниви метаморфози и како оној кој го знаеш вчера, денес е потполно отуѓен.

Ајде си велам, можни се метаморфози, ама на гасеницата ѝ треба време да прерасне во пеперутка и грдото пајче треба да почека за да ја открие убавината на лебедот во водата, а ние луѓето, зарем е можно толку брзо да се менуваме?

Денес вакви, утре сосема поинакви, каде се изгуби ти?

Каде е таа искрена насмевка која ја распознавав меѓу толпата луѓе и топлината која ја чувствував кога се пијаневме на иста маса до раните утрински часови. Каде е човекот кој го познавав?

Кажи ми каде се сите тие замисли кои не водеа низ секојдневното постоење, твоите желби и твоите мисли за тоа како треба да изгледа животот, каде се тие искрени очи полни со љубов. Тоа тело желно за убаво семејство во која владее хармонија.

Зарем е можно туку така да се изгубат?

Зарем вреди светот да те промени и ти да подлегнеш под таа промена до точка каде што веќе не се распознаваш? До висина на црвениот дел од скалата, до твоето самоунишутвање?

Зарем е можно да исчезнеш како бледа слика и од уметничко ремек-дело да станеш само обичен „фалш“, копија на сопственото постоење?

Кажи ми животе, каде е пријателот кој го познавав, каде е оној кој требаше да ме венчава, кажи ми како дозволи неговата душа да скапе однатре, а јас беспомошно да го гледам неговото пропаѓање без да имам било каква можност да помогнам?

Кажи ми како да се помирам, а боли, колку и да се обидувам да го зацврстам бетонот помеѓу мене и човекот кој го познавав, боли до лудило, зошто јас никому не посакувам зло, особено не на оној со кој сум го делел последното парче леб.

Кажи ми животе, каде погрешивме?

Гризам од јаболкото и ја гледам неговата скапана страна. Како што баба ми знаеше да каже дури и да се обидеш да ја тргнеш со нож, тоа ќе биде скапаното јаболко.

Можеби ќе успееш да го исчистиш, можеби ќе се прелажеш дека тоа веќе нема скапан дел во себе, но тоа секогаш ќе биде скапаното јаболко, без разлика колку ти сакаш да го промениш тој факт.

„Она што еднаш ќе скапе не може да отскапе“, знаеше да рече таа.

Така е и со луѓето, иако ме боли да признаам, за жал така е.

Јас тука ништо не можам.

Оној кој скапува однатре, губејќи ги сите позитивни вредности, тој е оној за кој нема враќање.

Без разлика што ќе се случи и без разлика колку после тоа ќе се обиде да се промени, тој секогаш ќе носи дел од тоа непожелно уништување на сопственото јас.

Зарем така да завршиш пријателе?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg