Одбивам да се вклопам во свет во кој луѓето те газат за да си ги остварат целите

Ноќ е, стрелките на часовникот форсираат да дојде утро, сам сум и имам црни мисли во главата. Не можам да си објаснам, но отсекогаш се чувствував како да не припаѓам тука, како ова место и ова време да се стегите кои ме држат да полетам. Не се чувствувам близок со општеството, ги мразам нивните лажни насмевки и нивните досадни разговори. Сакам да бидам сам за да не морам да ја форсирам лажната насмевка на глупавиот хумор на мојот арогантен шеф.

jas-sum-cudak-vo-svetot-na-izmaterijaliziranite-dusi-01

Некои знаат да ме наречат хејтер, некои тмурен, некои можеби премногу депресивен, а јас само сакав да разберат дека јас не можам да живеам со нелуѓе. Нелуѓе кои грабаат и газат, кои не пребираат какво средство ќе употребат само да стигнат до она што го намилиле.

Нелуѓе кои упорно одново и одново тврдат дека тие се врвот во општеството, поим за успех и достигнување, а јавна тајна е дека немаат никакви квалитети, очајни луѓе. Нивната специјална карактерстика би била озборување, седење на работа без да сработат и јадење бурек за сѐ што постои наоколу. После сето тоа јас ли сум чудакот кој не може да се вклопи?

На улиците оваа ноќ нема никој, тивко е, имам спокој во душата, се прашувам што требаше да се направи за секој од нас да го побара вистинскиот пат во себе. Кога станавме толку алчни, кога ги изгубивме сите чувства, кога тргнавме кон патот да бидеме сѐ она што е обратно од вистинската репрезентација на човекот?

Постојат ли други чудаци како мене кои не можат да се вклопат во секојдневното трачарење, во секојдневното денгубење и тапкање во едно исто место, постојат ли или сите се претопени од она што се наметнува како секојдневие?

Ноќта е црна, како нашите изматеријализирани души, како нашето постоење кое го зацрнуваме со секоја алчна мисла. Црна како желбата да се одмогне, црна како желбата да се направи нешто надвор од законите на човештвото, црна како многу души на многумина, потоа ме прашуваат зошто јас се затворам сам во темнина?

Зарем ние не живееме во темнина мислејќи дека тоа е светлината која ни е потребна?

Сè почесто гледам отсуство на љубовта, сè почесто дисфункционални семејства, сè почесто кавги, сè почесто растурени друштва. Се губи искреноста, се губи вистината, се губат сите добри карактеристики на сметка на желбата да се биде богат, да се биде славен, каде грешиме, можеме ли сето тоа да го поправиме?

Постои ли начин да се вратат искрените насмевки, врските кои не се создадени од користољубие, љубовта која не се сведува на пари и секс, животот кој не претставува непрестајно трчање по цифрите на банкарските сметки. Семејството кое не преставува војно поле, каде децата страдаат, а родителите војуваат, среќата која полека исчезнува?

Ги затворам очите, со надеж дека наредниот ден сонцето повторно ќе излезе, дека можеби од топлината на зраците ќе се ослободат нашите души од сенките на злобата која ги беше зафатила. Можеби со секој нареден ден малку по малку ќе се чистиме и малку по малку ќе откриваме како да бидеме подобри. Можеби постои начин луѓето да се сменат целосно. Можеби тогаш нема да бидам чудак, можеби тогаш ќе се вклопам, можеби тогаш светот ќе има смисла за мене, но кој знае, можеби...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg