Дома - Постои ли потопол збор во македонскот речник?

Убаво ми е на многу места низ градот. Убаво ми е во градскиот парк, особено при промената на сезоните, слушајќи ја ѕвонливата смеа на дечињата кои шетаат балони поголеми од нив.

Samo-doma-si-e-doma-01.jpg

Убаво ми е во кино, кога во тишината потонуваш во проекцијата пред тебе, крцкањето на штиците во театарот додека ја набљудуваш актерската игра.

Секое ново кафе кое испарува, секоја изложба која се случува, секој концерт кој носи нова енергија, чувството е секаде прекрасно.

Но, никаде не е како дома. Впрочем, дома ми е најубаво.

ДОМА. Постои ли потопол збор во македонскот речник? Каде и да си, дома да си дојдеш.

Добро е да се има нов автомобил, облека по последна мода, да се шета низ светот и да се ужива во секој миг... но, што вреди кога домот во кој се прибираш на крајот од денот ти се распаѓа?

Што ти вредат 10 кафиња во денот и скапи ручеци, кога дома покривот ти прокиснува?

Моите родители немаа секогаш доволно пари да го купат автомобилот од соништата и не беше особено важно дали ќе носиме поевтина и небрендирана облека.

Но, беше важно домот секогаш да е уреден, топол и чист. И сè што заработувавме, најголем дел го вложувавме во нашиот дом, за да ни биде убав и пријатен, затоа што каде поминуваш најголем дел од животот, ако не дома?

Домот е моето светилиште. Таму закрепнувам од лошите луѓе и негативната енергија натрупана во текот на денот.

Дома кафето ми е најубаво, иако се подготвува наједноставно. Дома се моите книги, дома подразбира ѕенѕање на бесна музика, дома асоцира на тропање лажици и топол семеен ручек.

Домот е доволно силен да ги растера сите грижи, да ги впие и изветрее сите солзи, да ги конзервира сите убави спомени и насмевки, кои подоцна се прераскажуваат.

Заедно со саканите, домот е моето прибежиште и најубавото место на светот.

Можеби не е најлуксузно, но е топло, вистинско и мое.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg