Нема ништо поважно од тоа да бидеш среќен

Мрзливи движења во креветот, непотегливите раце уморно се креваат нагоре, а очите ја примаат светлината на денот. Црвсто застанување на моите две нозе и отурнување од креветот, два три чекори и едно мрзливо протегање, занес од хармонијата на утрото, помешано со звукот на надворешните збиднувања.

nisto-ne-bese-povazno-od-toa-da-bides-sreken-01

Чекорам кон бирото, а таму листови, скинати листови од големата, црна тетратка. Сигурно сум останал до доцна, не се сеќавав кога си легнав, како да губев осет за времето што изминало и она што доаѓа, уште една непреспана ноќ, повторно самрак, па зора а јас повторно сам.

Утринската рутина, дел од денот којшто да кажам дека го сакам најмногу, како вовед во некоја интересна серија, напнатост, брзање, подготовки. Сите имаме нешто, некои од нас јадат дома, некои по пат додека трчаат за да го фатат автобусот кон иднината, некои воопшто не јадат, а некои немаат што да јадат.

Повторно пропуштен семафор, нервозни свирежи на возачите, небото натежнува како изнемоштен старец. Сивилото ме вознесува, дали е тоа знак да се откажам? Стигнувам пред вратата на школото, но одеднаш го менувам правецот, денес има повторување, иако подготвен, заминувам во насока на ветрот, носен од моите слаби и нерешителни чекори.

Поглед лево и ете моја задача, стара жена со многу кеси во раце, животот е толку интересен, ќе помислиш, која е таа за да и помогнам, но од друга страна, кој ми го дава правото мене да се шетам така слободно.

Тргнувам со неа во паралела, а помеѓу нас два три реда зборови, колку е прекрасно чувството кога ќе видиш насмевка на лицето на човек кој видел многу во својот живот. Ти си причината за таа насмевка, а тоа е чувство кое облагородува.

Завршува патешествието, мојата мисија насмевка е завршена.

Продолжувам во правец никаде, се обидувам да се пронајдам себеси, или она што останало од мене, поглед десно, поглед лево, оловните капки почнуваат да тропаат на патот, како црковни ѕвонци, на последно простување. Колку неописливо чувство, трчам, целиот накиснат и не ми е жал, сакам да полетам, има некоја сила во мене.

Сила да сопрам сѐ, имам сила да создадам сѐ, неописливи емоции, трчам сè додека нозете не ми се раскрвават, а дождот го гали моето лице, нека се измијат сите гревови, нека надојде чистота на денот, затоа што после облаците ќе излезе сонце, во тоа сум сигурен.

Се цедам, јавниот тоалет има направа за сушење за раце, но овојпат таа е фен за моето водено тело, другите ме гледаат како идиот, како човек кој се помрднал од умот, но јас знам дека тука е забавата, и покрај тоа што прекршувам некои правила, ова е животот во којшто сакам да живеам. 

Да помагам,  да се насмевнам, да насмеам некого, да биде денот поубав, да не се грижам за после, да не се грижам за ништо, да бидам безгрижен и среќен. Пладне, и повторно истата приказна, тмурно време, изнервирани луѓе го колнат дождот, како тој да им е крив, а не знаат дека самите се криви, заедно со целата нивна негативна енергија и кармата којашто полека ги гуши.

Нивното чувство на вина ги прави незамисливи, не можат да живеат самите со себеси, од огорченоста која владее со нивните души. Додека така полу сув се шетам низ улиците сфаќам дека најважно од сѐ е да научиш како да бидеш среќен, а со тие мои мали чекори, јас бев среќен и ништо не беше поважно од тоа да бидеш среќен.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg