Јас згаснав на денот кога згасна и ти

jas-zgasnav-na-denot-koga-ti-zgasna-01

Ти дозволив да ми земеш сѐ, а потоа животот те зеде од мене.


Прва реченица во мојот отворен тефтер,

како тажна мелодија на изгубените души.

Певлива песна проследена со капките на дождот,

солза или две капат по моето тело,

а спомените напаѓаат како налутена армија.


Кои бевме јас и ти?


Двајца странци во непозната димензија,

поведени од игрите на аморовата стрела,

како испеана химна на двајца неверници,

како тажни зборови за двајца несфатени.


Каде отиде таа искра и зошто нашиот оган изгасна,

како мало жарче во обид да запре водопади?

Тивки чекори и едно нервозно тапкање.

Кој ја испиша нашата тажна историја?


Чија заслуга беше тоа, чија клетва допре до нас,

кој ли го пречкрта твоето име во Божјиот список?

Мокар сум и не се каам заради тоа,

ударот на бранот во скршениот мост,

на тој тажен булевар каде се запознавме ти и јас,

ги навлажнува моите очи, плачам со капките на дождот.


Сам со текст во рацете,

едно проштално писмо за вечно збогум,

темнината навлегува во очите,

сите снегулки, сите надежи, сите соништа,

сѐ, сѐ е залудно и полека бледнее.


Зад мене успеси, пред мене предизвици,

но мојата глава е сложен комплекс,

нашминкани емоции предизвикани од секојдневието.

Каде бев, каде сум и каде ќе отидам?

Чекорот е немил и болен, воздишката тешка и кобна,

ветерот суров и ладен, но што сум јас без тебе?


Таму некаде, помеѓу замижаните очи,

во сите тие снегулки, сите тие насмевки,

сета таа среќа, сите тие бакнежи,

кому му е важно дали јас ќе живеам?


Јас згаснав на денот кога згасна ти,

овој мој скок кон дното на реката е скок кон надежта,

со мисла за повторна средба,

ќе ме чекаш ли за да ја возобновиме љубовта?

За да се почувствувам жив, иако мртов,

за да не помнат како модерните Јулија и Ромео,

кои живееја и умреа за да бидат заедно?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg