Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Може не памтам бројки добро, но годините и датумот кога замина ќе ги паметам засекогаш

Не знам зошто започнувам нова приказна, кога секоја нова реченица згаснува со пламенот на шкорчето. Кибрит по кибрит, стапче по стапче, не знам колку ми беше забавно, но ми беше полесно да се доискажам, можеби светлото го запираше овој тажен декември и ме враќаше во прегратките на топлиот и сончев јуни.

dvete-svetla-koi-go-zatemnaa-mojot-zivot-01.jpg

Не знам во која патека се изгубив или кој корен погрешно го пресметав, но чекорев кон суровата реалност наречена живот. Сè уште се прашувам што понатаму, каде е бездната која што долго ме прогонува или можеби каде е трофејот за таа награда којашто ја очекувам.

Можеби повеќето ќе ме сметаат за луд, но јас знам дека таму некаде има нешто што не обединува и дека постои нешто после земниот живот и покрај тоа што многумина не веруваат. Но, јас верувам, знам дека таму некаде постои сè уште нешто што ме прогонува, можам да го почувствувам допирот и топлината којашто ја носеше нејзината дланка.

Таа беше моја светлина која што го огреваше мојот темен пат, таа беше мое сѐ. Заедно ги делевме сите добри и сите лоши моменти, таа беше моја насмевка, јас нејзините солзи, фатени за раце чекоревме кон иднината, како ништо да не нè попречува, имавме крила со коишто можевме да летаме, две срца обединети во војна против целиот свет.

Но, без разлика колку е цврсто дрвото, еден ден неговиот корен, ќе биде однесен од силниот ветер,а кој ако не животот, таа бура од ветрови којашто напаѓа и како торнадо ги искоренува сите среќни лица.

Како бумеранг нашата среќа се одби од нашата глава. Чекорејќи по автопатот и грицкајќи од топлите костени, занесени во нашиот разговор, не ги забележавме двете светла како огромни сонца, коишто се наближуваа кон нашите пресреќни лица.

За момент помислив дека рајот се спуштил на земјата и затоа беше ова светло, а потоа само тишина, темнина, и матни мисли. Не се сеќавав, само знам дека ја држев нејзината рака, повторно молк, неколку солзи на белиот образ.

Лежев и го слушав апаратот кој го одбројуваше ритамот на моето срце, коешто чукаше во нерамномерни тактови. Инфузијата присилно ги стегаше моите вени и го хранеше моето тело со отровот на казната и вината.

Во главата имав многу прашања и очекував многу одговори, чекав, но времето ме убиваше. Секоја секунда ме газеше, а секоја минута беше век, којшто мислев дека нема да го дочекам. Пробав да се помрднам, но тоа беше невозможно, затоа што моето тело беше повредено, но не од ударот на камионот, туку од самата помисла и вина, каде е таа?

Ме гризеше совеста, не можев да издржам, во собата немаше никој на којшто би му се обратил. Најпосле некој влезе, мојот другар со чоколада и музички читач, седна покрај столот. Неговите зборови се редеа еден по друг, а јас не можев ,а да не прашам, но тој постојано ја менуваше темата.

Мојата нетрпеливост беше голема, но не се надевав дека во тој момент ќе прекине кислородот да навлегува во моите бели дробови, не верував дека сите движења ќе ми се замрзнат, но тој изговори, таа замина, мојот ангел, со поглед нагоре го напушти овој свет.

Не можам да опишам кое гадење настана во моите гради, која одбивност чувствував, како да бев свртен со исти пол кон магнет којшто ме одбиваше. Не се сеќавам на ништо, како се да беше една огромна илузија, само чувствував топлина, топлината на нејзината дланка која ја држев за последен пат.

Лежев скршен, со денови не изустував збор, храната ја примав преку иглата на инфузијата, немав надеж, се чувствував виновен. Чувствував празнина.

Мојот живот се измени, на најлош можен начин. Сè уште се проколнувам и сè уште се молам, сè уште се надевам, дека нејзиниот дух пронашол мир и дека е таму некаде насмеана горе, сè уште се надевам дека ќе се врати и повторно ќе исчезне ова студенило во душата.

Комплициран е светот на бројките, но нејзините години секогаш ќе ги паметам и нејзиниот датум кога замина, тие бројки одекнуваат во мојата глава, сè се врти околу нив.

Овој дожд којшто извира од небото можеби е света вода, потребна да се измијат сите рани. Во кој дел од системот погрешив и која бројка погрешно залута, која операција погрешно беше извршена за да настанат компликации и да се добие резултат којшто воопшто не се очекуваше.

Што ќе биде сега, што ќе правам со алгоритамот на мојот живот и неговите бројки.

Што е тој?

Ја имам само топлината на нејзината рака, на нејзиниот дух кој нежно ме допира и мојата равенка.

Само една обична равенка исполнета со болка и солзи, а таа, таа остана само една непозната во неа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg