Љубоморна сум, но одбивам да се однесувам така!

Во еден период од животот имав огромен проблем со љубомората. Онаа најлошата, која се врзува со љубовта, за која неретко ве убедуваат дека доколку не постои, тогаш не постои и љубов.

Ljubomorna-sum-no-odbivam-da-se-odnesuvam-taka-01_copy.jpg

Тоа секако е лага. Ако вашата љубовна врска е обвиена со љубомора и се убедувате дека мора да биде така или во спротивно - љубовта е лажна, тогаш се лажете и себеси и партнерот.

Некои вешто глумат љубомора, а други вистински се затруени со неа. Таа едноставно ве опседнува и колку повеќе ја храните, толку повеќе ве контролира и господари со вас.

Што претставува љубомората за мене? Знак на несигурност и ниска самодоверба. Емоционална нестабилност и посесивност кон партнерот.

Зависност од него и тенденција да се измислуваат секакви хипотетички сценарија. Чувство дека не сте доволно добри за некого и страв дека во секој момент тој ќе ве напушти или остави за некоја друга.

Ниту едно чувство не е пријатно ниту позитивно, нели?

Ми се случи љубов, а јас избрав да заврши со катастрофален крај само затоа што не умеев или не сакав да се контролирам.

Кога луѓето се соголуваат ментално и физички пред вас, имаат доверба да ви откриваат тајни, а кога вие ги употребувате против нив е сурово и нечовечно.

Да го потсетувате на поранешните девојки. Потајно да се споредувате со нив. Да живеете во страв дека тој сé уште има некои чувства за девојката со која бил пред вас.

Да треперите секогаш кога ќе помине некоја убава девојка покрај вас и нервозно да му ја стискате дланката. Кришум да му го проверувате џебовите, телефонот и пораките. Случајно да свратите онаму каде што е излезен со другарите, колку да ѕирнете дали седи навистина само со нив.

Да инсистирате да имате заеднички профил на Фејсбук. Да ве боли до солзи кога гласно ќе се прокоментира дека некоја друга девојка е убава или изгледа одлично.

Да забранувате да излегува со колешки или да нема право на женски другарки.

Мала доза на љубомора можеби делува симпатично и слатко, огромна доза на љубомора е погубно за секоја љубов.

Не знам која била таа девојка што постојано си замислувала црни сценарија како некој ја лаже и ѝ прави нешто позади грб. Знам дека била млада, несигурна и параноична. Можеби мислела дека е нормално така да се однесуваш, можеби ѝ било интересно да си игра со нечии нерви, но на крајот најмногу изгубила таа.

И мило ми е што не постои повеќе. Да сакаш некого вистински со целото срце значи да имаш доверба во другиот, но и во себе. Значи да имаш самодоверба, но и доволно верба дека си одбрала правилно и нема простор за непотребни љубоморни сцени.

Да се оттргнеш од прангите на црвот кој те грицка одвнатре, бидејќи лесно може да те збудали. Да си свесен дека имаш право на индивидуалност и слобода, бидејќи тоа е нормално и здраво. Да знаеш дека не си нечија туку своја, исто како човекот покрај тебе.

Доблесно е да си признаеш – Да, љубоморна сум, како и секое друго живо човечко суштество. Но, уште подоблесно е да кажеш – Одбивам да се однесувам така!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg