Мислиш дека светот е неправеден кон тебе, но помисли дека можеби се лажеш

Можам да ја почувствувам твојата болка, да ја спознаам твојата тага, ти се чита од очите, ти ги гледам солзите со кои плачеш однатре, заглавен си во сенките на сопственото постоење. Кревка душо, доста плачеш, доста ги создаваш тие дождови кои се причина за твоето тмурно небо.

ti-si-na-cekor-od-presvrtot-vo-tvojata-prikazna-01

Мислиш дека светот е неправеден кон тебе, дека животот ти го завртел грбот и дека си осуден на пропаст, во твоите визии се јавува само темнината како главен извор на твоето постоење. Посакуваш да те снема, да исчезнеш заедно со тие мрачни мисли, со сите проблеми кои те гушат секојдневно.

Знам дека сакаш да се откажеш од сè, ја чувствувам твојата осаменост која е слична како бездомник на пороен дожд, мислиш дека нема битка во која можеш да бидеш победник. Не сакаш да бидеш во центарот на светот, бидејќи мислиш дека нема што да кажеш.

Се прашуваш како можам да ја прочитам твојата приказна без воопшто да те познавам, а всушност те познавам добро затоа што и јас сум газел низ тој пат на сенките. Она што можам да го кажам е дека сè започнува со еден чекор кон твоето исцелување. Ако посакаш.

Престани да се чувствуваш беспомошно, престани да се мачиш со мислите дека овој живот не е за тебе и дека судбината дала сè само за ти да се чувствуваш непосакувано. Отфрли ги кошмарите, затоа што за тебе постојат убави соништа, колку и да изгледа тоа недостижно, невозможно и нереално.

На начинот на кој можам да ја прочитам твојата болка од очите, можам и да го видам сјајот кој се крие таму. Знам дека на овој свет постојат одвратни работи кои можат да се случат и верувај ми им се случуваат на луѓето кои најмалку заслужуваат, но не за да ги уништат.

Полесно би било ако сето тоа те заобиколи, ако секогаш си во придружба на светлината, а не на сенките, но таму си со причина не за да исчезнеш, туку да излезеш како победник кој ќе биде инспирација за сите надвор. Да токму ти, твојот пат од дното до врвот ќе инспирира многумина по тебе, ќе спаси многу невини животи, ќе биде доказ дека ништо не е готово се додека ти се бориш, да! Не е крај!

Нема болест, нема човек и нема причина која може да те спречи да создадеш големи работи, не се сомневај. Ракот како гниеж кој ти го гризе телото, количката како нешто што те врзува за земјата, анксиозноста која те спречува да живееш или исмевањето кое го добиваш секојдневно - тие се твоето перо со кое треба да ја испишеш приказната. Приказна за болката која ќе насмее многумина, ќе ги натера како ти да се запрашаат како толку добро ги познаваш.

Всушност ние без разлика колку и да сме различни, сме исти, особено кога животот не крши на парчиња.

Додека ја испишуваш таа приказна, запомни, ти можеш да бидеш херој во твојот живот, а не жртва. Не се откажувај, не попуштај, ништо не може да те спречи да живееш, да живееш и да бидеш среќен и покрај сите глупости кои ти се случиле или сè уште се случуваат.

Не ти зборувам на памет, верувај ми после секој дожд, порано или подоцна, доаѓа сонце. Ќе го почувствуваш како ти ја штипка кожата нежно и ќе знаеш дека сенките те напуштиле. Тогаш ќе сфатиш што зборувам. Не си многу далеку, само чекор до пресвртот во твојата приказна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg