Да бирав каде ќе бидам, сигурно немаше да изберам да бидам овде

Да бирав каде ќе бидам, сигурно немаше да изберам да бидам овде, да бирав каде, сигурно ќе беше таму далеку. Не знам зошто, но секогаш ме привлекуваше далечината. Како да имаше исцелителна моќ која ѝ беше потребна на мојата душа. Додека сите зборуваа, јас само размислував, за куферите, авионите, сите тие места, кои ја пееа химната, прифатена од моето тело, како занес кој не престануваше.

sfativ-deka-mnogu-sonuvam-mozebi-i-premnogu-01

Да бирав дали ќе бидам јас, веројатно повторно би избрал да бидам она што сум, затоа што моите стапки беа големи, во животот научив многу, од она малку што го живеев. Знаев да зборувам кога не требаше, да викам, кога се бараше тишина, да бегам кога требаше да останам, едноставно јас го правев она што ми налагаше моето тело, мојот ум и мојата душа, затоа што така мислев дека е правилно.

Живеењето тука беше тешко, секој ден станував со помисла дека сум жив, благодарен на она малку кое ми беше подарено, не знам од кого, но ми беше подарено или барем така тврдеа другите. Утрата брзо минуваа, исчекувајќи го почетокот на работното време, тука на ова парче земја научив за болката, за тежината на животот, за сите нешта кои беа поврзани со она што ме направи посилен. Тука пробував да се најдам себеси, за да престанам да бидам изгубена душа која верува во погрешни работи.

Посакував да имам нормален живот, да се разбудам и да ме чека сварено утринско кафе и еден живот со хармоничен тек, а не куп проблеми и еден хаос кој треба да го поправам со секој изминат час. За жал мојата приказна не беше испишана со леснотија, некој како да сакал јас да се мачам секојдневно.

Секој ден беше долг, подолг од претходниот, а мојата осаменост ја лекував со љубовта кон коњите, па често знаев да одам на фармата на дедо ми. Тој имаше два, едниот беше „мој“. Го нарекував „Пат“, затоа што кога бев мал не го сфатив значењето на зборот „Ат“ (коњ кој лета), па остана да биде нарекуван Пат до ден денес, нешто на што дедо ми многу се смееше.

Таму на таа фарма, како да се пронаоѓав себеси. Јавав низ зелената ливада, летајќи на неговото тело, тој како да се трудеше да ги задоволи моите желби за да добие грст шеќерчиња.  Летав и со мислите, во неповрат ослободувајќи го секој токсин на моето тело, заборавајќи на секојдневието, на луѓето, на општеството. На сите тие неправди, лоши мисли и зборови, на целиот тој изопачен свет, таму станував нова личност под леснотијата на движењето низ зелената ливада на прекрасниот кафеав коњ, кој беше лек за моето гнило тело.

Во мојата глава посакував навистина да полета, затоа што ме привлекуваа далечините, ме лажеа облаците и синото небо кое се простираше до бесконечност, ја сакав бесконечноста, сакав да нема граници, така го замислував мојот живот без граници. Како една држава,глобално место за сите, без ограничувања, предрасуди, како нешто што ќе не обедини. Сакав да можам да го запрам злото, да создадам светло на небото, едноставно се чувствував како да сакам да го променам светот, а сум сосема немоќен.

После неколку часовно талкање, доаѓа време да ги оставам уздите, да го погалам и наградам за својата послушност, да му се заблагодарам што ги слуша сите мои здодевни жалби за животот одново и одново. При нашата разделба сфаќам дека многу, многу сонувам, можеби и премногу...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg