Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Знам дека убив секакво чувство во тебе, прости ми не сакав

Повторно стоиш на вратата, имаш солзи во очите, ти ги гледам иако ги бришеш постојано, не можеш да го поднесеш моето пакување, посакуваш да заборавам нешто, да се распакувам и пак да се пакувам одново иако тоа нема да го спречи фактот дека јас секако ќе си одам.

zrtvite-se-samo-del-od-procesot-na-onoj-koj-saka-da-se-izdigne-01.jpg

Не можам да те гледам бидејќи ми се пара душата, немам што да ти кажам, веќе сè е кажано, понекогаш така оди во животот, патеките на двајца добронамерници не секогаш водат до истата цел. Иако ми жежи во душата и ме стега во грлото така мора да биде, без разлика колку чувствата ми велат да останам. Нив ги слушав многупати и зажалив, прости ми што сега го одбивам нивниот повик.

Пробувам да ги запрам твоите солзи, додека ја затвораме вратата од мојата соба и чекориме до автомобилот. Се обидувам да најдам начин да се заблагодарам за сите убави денови, сите тие убави моменти, сите мигови поминати заедно. Сè она што ме научи и сè она што проживеавме, сите успеси и сите заеднички победи. Верувај ми ништо не е залудно.

Секое поглавје од книгата иако можеби само по себе, изолирано, нема смисла, сепак креира една целина кога ќе се спои со остатокот. Ова беше поглавјето тест на издржливост, тест на индивидуата. Тест кој нè прави посилни, поискусни. Тест кој не завршил, сè уште трае за да ја испита нашата издржливост.

Знам дека ќе ме скрши кога ќе се завртам и ќе видам празни ѕидови во кои го нема твоето лице, луѓе во кои не ја распознавам твојата насмевка и живот кој не е исполнат со твоето присуство. Свесен сум за сите тие последици од моите чекори кон далечните пространства, иако не делува така, скршен сум однатре, но морам, сфати ме морам, морам да си одам.

Тоа е повик на душата, а во животот научив да се слушам себеси. Велат дека такви разделби постојат само во филм, но животот на сите нас на земјата е филм многу поинтересен од оние што веќе ги знаеме. Прифати го ова „Збогум!“од моите усни, иако знаеш дека не сакам да го изговорам.

Живеј го животот без мене, биди среќна. Немој да тагуваш, немој да ме помниш по лошо, раскажувај ме како убав спомен, како убава линија од твојата вечна приказна. Воспевај го она што го имавме, јас сум тука, можеби после неколку граници, после неколку различни саати, три напред или шест назад, тука сум за некој кафе разговорот, иако далеку.

Заборави ја тагата во тој поглед и отсуството во тоа тело, не ти велам ќе се вратам, бидејќи не можам да го ветам тоа, не ти велам чекај ме, бидејќи тоа би било нечовечно. Знаеш дека мразам да бидам врзан со окови на едно место, тоа ти го кажав и денот кога се запознавме, морам да одлетам по правецот на ветрот. Морам да се издигнам, иако можеби грешам. Жртвите се само дел од процесот на оној кој сака да се издигне.

Знам дека убив секакво чувство во тебе, прости ми не сакав, немав намера. Но така мораше да биде, затоа што животот не секогаш ни дозволува да бидеме онаму каде што посакуваме и со оние кои ги посакуваме. Понекогаш игра подло и нечесно, носејќи денови кои само се надеваш дека ќе поминат побрзо и дека тие одвратни чувства некогаш ќе го напуштат твоето тело. Колку и да го принудуваш тој стисок на нашата последна прегратка, јас си одам.

Боли до коска, збогум, ако некогаш се сретнеме одново, те молам немој да ми завртиш глава.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg