Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Македонски синдром - Не го фрлај, ќе се најде

Ако нешто вистински нè обединува како нација, тоа е нашиот македонски синдром опишан со една реченица – Не го фрлај, ќе се најде.

Makedonski-sindrom-ne-go-frlaj-ke-se-najde-01.jpg

Вистина е, нè обединува повеќе отколку љубовта кон мешањето и макањето ајвар или качувањето по столови и маси кога твојата песна ќе те жегне во срцето.

Кај мајка ми, кај свекрва ми, кај мене дома, кај сите што ги познавам и не ги познавам ситуацијата е иста. Па, уште читаме статии како да се ослободиме од вишокот работи, како да живееме поедноставен живот и се воодушевуваме на јапонскиот минимализам.

Далеку сме ние од тој минимализам, ние сме поблиску до она што во Америка се нарекува хордеризам.

Упорно да трупаш ствари и ситници кои никогаш нема да ти потребаат. Ама нека бидат тука, за недај Боже. Ќе се најде.

Како ќе ми се најдат некои стари неупотребливи реликвии од минатото, еве навистина не знам. Како ќе ми се најде таа една распар чаша, таа излупена чинија, тие излитени распаднати чевли? Освен ако не умеам добро да ги репарирам и да ги употребувам, зошто би ги чувала?

А чуваме сè и сешто, од ветви бебешки алиштенца, писмени задачи по математика за трето одделение, некои чукнати цртежи, стари новогодишни честитки, 'рѓосани тенџериња, стари весници, расипан вентилатор, искривени шајчиња, поткршено столче и илјада и една тегла.

Не е дека со зимницата успеваме да ги наполниме сите, ама тука нека ми седат, за недај Боже. Да се знае која домаќинка има најмногу тегли во гаражата, ма не ми се случило да снемам тегли.

Има ли лек за нас? Има ли чаре за нашето неконтролирано трупање работи, и тоа што треба и тоа што не треба, и тоа што чини и тоа што не чини?

Недај Боже да спомнам нешто да се фрли. Како да си им фрлил киселина во очите. Подобро бубрег побарај им отколку да земеме да фрлиме нешто од вишокот непотребни работи.

Не диркај таму, не е твоја работа… ама зошто ти се, тоа е само обично ѓубре.

Ѓубре? Моите значки од социјалистичка Југославија ги нарекуваш ѓубре? Марш таму, неблагодарни ниедни!

Најголем хорор е кога ќе ти речат подади ми го тоа и тоа од третата фиока. Страв и ужас да те фати кога ја отвораш третата фиока. Впрочем, во секоја фиока е истата песна. Секакви дрангулии, џиџимиџи, ситници, непотребни глупости кои те вадат од такт.

Билет од кино, ааа се сеќаваш колку убаво си поминавме тогаш? Ќеса од пуканки, па пуканки си јадевме тогаш, ти притекнува? Леле, спомени. Еве го и тоа едно копче што ми падна од фармерките. Тие што ми пукнаа на здраво, па морав да ги фрлам, туф, штета, одвај се решив да ги фрлам, на здраво беа пукнати, ти викам.

Ама копчево нека ми седи, ќе затреба за нешто друго.

За што друго ќе затреба, еве ќе пукнам за да дознаам. А сите ја имаме таа една соба, таа една гаража, тој еден подрум или шпајз или 10 фиоки кои се преполни со глупости. И некако магично мислиме дека ако ги фрлиме ќе биде како да си го бришеме минатото.

Ама не е така. Минатото си е тука, и исто како и сегашноста и иднината не е дефинирано од некое купче материјални ствари.

Ослободете се од вишокот работи уште денеска. Ни го стеснуваат просторот, ни одземаат време за чистење, нè задушуваат, сакале да признаеме или не.

90% од работите нема никогаш да ни затребаат. Ослободете се од сета облека којашто не сте ја носеле повеќе од 2 години, тие 2 преостанати чаши, парчето мебел кое скапува, а вие не правите ништо во врска со тоа.

Донирајте го, некому навистина му е повеќе од потребно.

Да не се задушуваме во непотребни работи. И така има доволни други нешта кои ни го задушуваат животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg