Личноста која ве сака со дела во најтешкото, ете таа не се заборава!

Верува во вас и кога сите бури ќе навјасаат, кога плима од неуспеси се слева на ваша адреса, кога сѐ ви оди во спротивна насока од планираното...

lichnosta koja ve saka so dela vo najteshkoto ete taa ne se zaborava 01

Брат, љубовник, сестра, пријател, родител сеедно, таа е личноста што ве разбира кога молчите, подобро отколку што ве разбираат другите кога врескате.

Во очите ви го препознава немиот апел за помош, во ставот на телото гледа дека не се чувствувате како вистинските вие, знае дека сте давеник во сопствено креираниот виор од превисоко поставени очекувања за самите себеси и тогаш не вели ништо. За разлика од другите, тогаш не лелека за сето лошо што ви се случило, ниту ве милува по главата, таа ДЕЛУВА. Додека сите други ве разбираат, поддржуваат и сожалуваат, таа личност презема акција и за миг ве извлекува од калта.

Така едноставно, директно, ефикасно, што и самите останувате запрепастени – како ѝ успеа тоа и колку љубов во срцето всушност носи за вас за вака да ви се најде во зло? Без да имате очекувања од неа, ниту какво било дадено ветување, таа прави животно значајни потези за вас.

Љубовта ја чувствувате во воздухот, ви изгледа како да можете да ја допрете. Без изустено „те сакам“, „те поддржувам“, „ти си најдобар/а“, „ти заслужуваш“ таа преку дело ви вели дека вие сте сето тоа, па и многу повеќе. Сите тие нај, нај, најсаканиии личности, односно личности кои до вчера ги перципиравте како такви, сега избледуваат пред демонстрираната посветеност од оваа личност. Сфаќате дека фразата „се сака со дела, а не со зборови“ е и повеќе од точна. Сфаќате дека таа не ви ветува дека ако пропаѓате ќе ви понуди прст, туку молчи, а кога пропаѓате ве граба со цела рака и ве влече нагоре.

Љубовта што ви ја сервира прави да црвенеете во образите како сте биле толку слепи да не видите каков дијамант имате пред себе. Секогаш повеќе сте ги ценеле оние со слатките зборови, оние „јас сѐ би направил за тебе“ личности, а оваа останувала во втор план.

И кога за години отсега ќе ве прашаат зошто со оваа личност сте поинакви отколку со сите други? Зошто со неа нема ниту каприци, ниту доза себичност и за неа во три часот по полноќ на најстудената зимска ноќ би тргнале пешки за да ѝ се најдете? Кажете им, убаво кажете им дека таа ве сакаше со дела во мигот кога таква љубов живот ви значеше.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg