Најприродните девојки се најубави девојки

Со својата заразна енергија и детска искреност ве убедува дека животот е навистина убав за живеење. Па, кој не би ја посакал покрај себе?

najprirodnite-devojki-se-najubavi-devojki-01.jpg

Пред неколку дена се собравме пријатели на кафе средба, па од новите хитовски серии до она истоштувачкото каде за Нова година се беше тема на разговор. И во виорот од тие неврзани муабети, споделени насмевки и битка кој погласно да го каже своето мислење, најдоминантната од нас доби прашање: „Како те трпи партнерот, навистина си бура од емоции, нема мир со тебе... Сигурно многу те сака штом те поднесува!“

И така е, таа беше токму тоа, таа беше бура од емоции спакувана во убаво издание. Но, воопшто не беше ниту тешка за поднесување, ниту напорна, туку токму поради нејзиниот карактер беше магична како за својот партнер, така и за целата околина.

Колку и на прв поглед да звучи напорно да се минува секојдневието со неа, затоа што таа гласно го кажува својот став, вреска кога е нервозна, плаче кога е тажна, се смее на сиот глас кога е среќна, се мурти кога нешто не ѝ одговара, враќа со прегратки кога нешто ѝ одговара... Времето минато со неа е вистинско задоволство.

Таа бура од емоции ве вовлекува во нејзиниот свет и прави да се чувствувате живи. Со неа нема здодевни утра, ниту празни ноќи. Таа го обожава животот и прави и вие да се чувствувате возбудени за него.

И кога говорам природна, мислам токму на неа. На таа што не смета дека емоциите се само за зад затворени врати, дека животот е само ванила секс и ништо повеќе, дека смирување за помалку од вистинска љубов е дозволено, таа што мрази маски и секогаш го кажува и прави тоа што го мисли. И знам дека тој нејзиниот ја сака, ја сака од дното на срцето, затоа што во лажен свет како денешниов таква детска искреност е вистинска реткост. Додека сите носат сиви очила, таа гледа во најубавите бои и ви раскажува колку животот е прекрасен.

Во време кога стаклените принцези станаа секојдневие, оваа природна девојка е вистинска магија за секој маж. Дури и кога карминот не ѝ е совршено нанесен и има лош ден со косата, таа е убава. Убава е затоа што нејзината убавина не доаѓа ниту од беспрекорната шминка, ниту од совршените локни, туку од душата која зрачи низ нејзините очи.

И додека стаклените принцези се расфрлаат со фразите „Јас никогаш не би го сторила тоа“ и живеат со препреки трепкајќи со очињата и тонејќи во својот здодевен живот совршено проектиран пред очите на другите, таа отворено си кажува дека вчера го испразнила половина фрижидер во 2 часот по полноќ, дека мрази ненајавени гости затоа што во домот понекогаш ѝ е како да пукнала бомба и дека плачела како бебе кога најдобрата пријателка ѝ ги изневерила емоциите.

Таа е убава затоа што душата ѝ е убава. Животот не го живее, туку го граба и за својот партнер не е напор, туку храна од која тој не може да се насити. Нејзината енергија е заразна и е вистински доказ дека најприродните девојки дефинитивно се најубави девојки.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg