Од таа што ќути, од таа змија да се плашиш пријателе!

Колку што беше совршена нејзината парада за јавноста, толку беше лажна таа. Апсолутно во секој поглед.

od-taa-shto-kjuti-od-taa-zmija-da-se-plashish-prijatele-01.jpg

Тивка. Секогаш со блага насмевка. Невин лик, чиниш ангел. Тонот на гласот не го зголемува. Драми не прави. Скандали мрази.

Карактерно нереално совршена. Нема лоши денови. Насмевката ѝ е прикована на лицето постојано.

Колку лош човек сте вие во споредба со оваа кукла со совршено поведение, на миг си помислувате. Таа не наоѓа замерки. Не приговара. Сѐ ѝ одговара.

Тој вели станувај, таа со насмевка – „штотуку сакав тоа да ти кажам“. Тој вели не е убаво да шеташ сама со пријателките, таа смирено – „така е миличок’. Тој вели ќе одам до казино, таа – „фрли и за мене една рака“. Молчи кога ќе ја погледне накосо. Го променува здолништето кога ќе и каже дека ѝ е прекусо.

И не правам апсолутно ништо од ова. Сите точки од правилникот за совршена девојка ги прекршувам. На моменти сум напорна, дури неподнослива.

И оваа девојка во друштвото со своето однесување знае да ме замисли. Како има енергија да биде толку совршена партнерка за својот сакан?

Дали природно така ѝ доаѓа? Како со леснотија да го прави тоа, како да не глуми, како навистина да ги цени желбите и потребите на својата посилна половина до таа мера што би сторила сѐ за тој да е среќен.

И ми изгледа привлечна замислата колку работите се лесни за нив со тој нејзин мил карактер, но заклучувам дека јас едноставно не сум од тој ков и повторно одам во диско сама со другарките. Ќе танцувам безгрижно до сабајле и ќе трачарам со сестрите по душа – виновна, признавам!

Кога ете ја неа на сепаре. Изненадување број еден. Пијана со деколте до папокот. Изненадување број два. Се бакнува со тип што не е нејзиното момче. Изненадување број три и четири и пет и... Очите ми гледаат. Не верувам. Се штипнувам. Повторно го гледам истото.

Си заминувам затоа што не сакам да сум трета личност во нечија приказна. Се обидувам да ја избришам сликата од умот. Од секој ова можев да го очекувам, но од неа? Тивката, мирна совршена девојка која секој би си ја посакал за партнерка? Не е возможно.

Ајде може раскинале...

Не, не раскинале. На социјалните мрежи вљубени, на кафе средбата на која морав да присуствувам неколку дена подоцна исто така. Го гледа милно. Го гали по рамото. На желбите му одговара со – „важи, драги, не е проблем“.

Сега веќе не ја гледам истата слика на совршена партнерка. Сега гледам дволична, неморална личност. Совршена лажливка скриена зад насмевката. Таа што постојано си ќути, пред некоја ноќ направи дело што вреска за тоа каква личност е. Кој знае што сѐ уште прави кога ќе заврши претставата за јавноста и за нејзиниот „сакан“.

Но, како да му кажам...

Не е таа совршена, туку совршено те лаже. Секој потег промислен. Начинот на функционирање парада.

Од таа што ќути од таа змија да се плашиш пријателе! Не е сѐ така како што изгледа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg