Поучна приказна од еден столар како проблемите од работа да не ги носите дома

Едно момче ангажирало врвен столар за да му помогне во реновирањето на стариот мебел од неговиот дом.

pouchna-prikazna-od-eden-stolar-kako-problemite-od-rabota-da-ne-gi-nosite-doma-01.jpg

Но, уште на првиот ден од работата на столарот му тргналo лошо. По само еден час работа, му се скршил алатот,а стариот автомобил не сакал да му запали, па затоа момчето одлучило да го врати стариот столар дома.

Додека возеле столарот само седел со камен израз на лицето во тишина.

Кога стигнале го поканило момчето да влезе и да го запознае неговото семејство.

Додека оделе накај вратата столарот на кратко застанал пред едно дрво, допирајќи ги со врвовите на прстите од двете раце неговите гранки.

Пред да ја отвори вратата од неговиот дом лицето комплетно му се трансформирало. Неговото лице блескало, а тој со насмевка ги прегрнал своите три деца и ја бакнал сопругата.

Откако го запознал со семејството, столарот го испратило момчето до автомобилот.

Кога поминале покрај дрвото, момчето од љубопитност го прашало столарот што правел пред малку кај дрвото.

„Ох, тоа е моето „стебло на грижите“. Знам дека не можам да ги  избегнам проблемите на работа, но едно е сигурно – тие проблеми не припаѓаат дома, кај моите жена и деца. Затоа ги бесам секоја ноќ на тоа стебло, пред да влезам во домот.

Наутро кога тргнувам на работа повторно ги земам. Но, интересно е што кога одам по нив во утринските часови за да ги земам, тие не се ни приближно во толкав број како што се сеќавам дека сум ги обесил претходната ноќ“, му кажал столарот на момчето.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg