Се будам со црни дупки во меморијата: „Ветувам, од утре веќе не пијам“

Повторно сум завршил во нечија куќа, а не се сеќавам како. Во градите чувствувам огромна жештина, душата довикува од сите страни - вода. По шестата чаша вода сè уште не запира. Си велам во главата „Повеќе нема шанси да се напијам”.

poveke nema sansi da se napijam 01

Некоја убава девојка, на која не ѝ го знам името, заспана, додека јас се обидувам тивко да се искрадам без да тропнам со каишот од фармерките, кои се расфрлани по земјата. Надвор врне снег. Типично неделно утро. Луѓето мрзливи и заспани.

Излегувам од зградата, со раскинати фармерки, кошула и капут. Она што го носев синоќа. Иако, изгледам како тотален хаос одвнатре, во тоа мрзеливо утро кога сите излегле по тренерки да купат нешто од блиската продавница јас штрчам во толпата луѓе.

Во џебот немам скршен денар, сум испил сè, само личната карта и „скопска”. Добро е, барем сум помислил да не го земам паричникот за да не го загинам.

На лицето ми пишува мамурлак со големи букви додека се качувам во автобусот. Седнувам наспроти една бабичка. Таа ме гледа и се смее, „Дете зарем не ти е ладно во тие фармерки? Не, не, не ми кажувај знам и јас сум била млада, ќе трпиш за убавина”.

Толку силно рече што мислам дека цел автобус се сврте кон мене. Требаше да излезам и беше време да го изодам познатиот чекор на срамот. Си мислев дека секој поглед е свртен кон мене.

Одев по патот, ги борев плочките за да стигнам до дома. Стискав нервозно на копчето од лифтот, не сакав да налетам на никој од соседите. Како што стискав ми изгледаше дека лифтот наместо да забрза, тој забавува.

Влегов дома, конечно срамот исчезна. Не знам по кој пат се случуваше оваа недела. Имав црна дупка во меморијата. Помнев како сум тргнал до клубот, а немав идеја што се случило. Сакав да се оштетам и се оштетив, за сите пари. Легнав на мојата постелнина, повторно истиот познат мирис. Сакав да го прескокнам денот. Да се разбудам и сè да исчезне.

Можеше ли да затвориш очи, да не знаеш што било, како вечерта претходно и да се разбудиш онаму каде што секогаш си посакувал?

Да ги прескокнеш проблемите, пречките, сите тие нервози, непреспани ноќи, солзи, луѓе и врски кои ги градиш и врски кои се рушат. Дали може сето тоа да се прескокне, а сепак да бидеш таму каде што сонуваш, да бидеш со оној кој го љубиш во градот кој си го замислил?  

Таман помислив дека заврши и веќе нема да се случи. Ги отворив социјалните мрежи. Кога ги видов моите приказни на Инстаграм и фотките споделени на Фејсбук, посакав да се закопам во земја. Да не ги споменувам пораките кои сум ги испратил, дел на девојки кои ги знам, дел на девојки кои никогаш не сум ги запознал.

Најинтересни беа коментарите на колегите кои имаа скокотливи зборови за таквиот „параспур“ боемски живот. Вообичаено би се изнервирал, би се налутил, можеби и сè би препишал на стрес. Можеби тоа беше најголемата грешка. Во сè што правевме додававме огромна количина на стрес и нервоза. Можеби затоа сакавме да го преспиеме делот од правењето на работите.

Алкохолот ни доаѓаше како катализатор или можеби дел од машинеријата за заборавањето. Додека ми гореше душата, си турив уште една чаша, си помислив, клин со клин се избива.

Немаше некоја особена причина за алкохолот да навлезе во моите вени, онака, дел од младост, дел од лудост. Ја кренав чашата и си помислив, нека жештината во градите ја однесе секоја капка нервоза од ова тело спремно за забава.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Исповед на Македонка: „Мислев дека имам циста, не очекував дека ќе ми кажат дека сум бремена“ Јас се сменив! Јас се сменив кога сфатив дека ќе бидам мајка. Се сменив кога на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg