Македонче, кога ќе сфатиш дека конкуренцијата нема да те убие, туку ќе те направи подобар?

Новиот вработен е е добар? Уф, па тој е како колера – вистинска опасност за нас и нашата работна позиција. Да го сопнеме во старт!

koga-makedonche-kje-sfatish-deka-konkurencijata-nema-da-go-ubie-tuku-kje-te-napravi-podobar-01.jpg

Доаѓа нов вработен во компанијата кај сестра ми и наместо сите да се среќни и возбудени затоа што компанијата напредува и се шири, дека ќе има свежа енергија и нови идеи, па и работата ќе оди полесно, таа ми вели: „Дојде момчето и сите го гледаат како да има колера. Никој ниту да се доближи до него, ниту да му објасни како оди текот на работата, фрлен сам во оган.“

И работи тој, се труди и за изненадување на сите напредува одлично, но ете тука е проблемот. „Хмм, овој е многу добар, да не ме надмине, да не е закана за моето работно место... Тајните? Неее, нема да му откријам, нека се мачи и снаоѓа сам како знае и умее. Нема со свој камен по глава да направам да ми ја земе шефовската позиција или пак дури и да ме избркаат од компанијата.“

Ало Македонче!!!

За сите има место, за сите има леб.... Страдаш ако дојде лош вработен, затоа што ќе треба да ја работиш и неговата работа, затоа што од колачот се дели и за него, а тој не допринел. Но, ако дојде одличен вработен треба да си благодарен затоа што сега ќе имаш и помош и здрава конкуренција да бидеш подобар од тоа што си бил вчера.

Луѓето по одреден период работа во една компанија го губат почетничкиот ентузијазам и, иако одлично си ги завршуваат обврските, логички е нивото на креативност да падне, па така новата енергија е добредојдена за да го разбуди жарот во тебе.

Кога ќе почувствуваме дека сме премногу сигурни, најдобри и недостижни е моментот кога всушност започнуваме да не напредуваме. Повеќе немаме предизвик некого да престигнеме и не гриземе како некогаш.

Затоа сега сврти се и на новиот добар вработен во твојата компанија заблагодари му се, наместо да го бојкотираш.

Замисли си кариера од три, четири, пет децении каде постојано наидуваш само на просечни, дури сиви работници, како ќе се чувствуваш? Затапено, здодевно, бесцелно... Зарем така сакаш да ти мине животниот век?

Мотивирај ги другите, не ги бојкотирај. Негувај го потенцијалот што ти се појавил пред очи за да растете заедно. Заедно сме посилни, знаете како велат, нели?

Сподели ги тајните за работата за заедно вашата компанија да ја направите подобра од сличните на пазарот, не биди скржав за комплименти, кога гледаш дека тој прави навистина добра работа, не плаши се од неговите иновации, туку прегрни ги, не биди исплашен, биди воодушевен и сам си свесен дека вистински добрите работници се реткост во денешно време.

Македонче сфати дека конкуренцијата нема да те убие, туку ќе те направи подобар!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg