Другарке, ако ти треба дозвола за кафе со другарките од дечкото, веднаш да му раскинеш!

Мојата другарка со срце планина има маж од најлош ков, но како да ѝ ги отворам очите дека тоа љубов не е?

drugarke-ako-ti-treba-dozvola-za-kafe-so-drugarkite-od-dechkoto-vednash-da-mu-raskinesh-01.jpg

Сончев ден, убав ден, од оние совршените за кафе со другарките, за партија трач и разменети професионални/љубовни фрустрации, кој што го мачи, нели? И не е сè така црно во животот, но знаете ако со другарките не си се пожалите, нема со кого...

И на страна тоа, се склопи Фејсбук групичка со одредување на тајминг, кога се јави една од другарките: „Ах, како ви текна 5 до 12, чекајте да му се јавам на мојот да го прашам...“

„Што да го прашаш, имате некој план направено однапред?“, ја прашуваме.

„Не, немаме, ама да не ми се налути“... Сите подзинати си чекаме одговор, кога ете ја ни го откажува доаѓањето на средбата.

И ова не ѝ е првпат, знам дека тој нејзиниот е како љубоморно куче кое сака да ја има само за себе и комплетно да манипулира со секоја секунда од нејзиниот живот. Како мајка ѝ да ја родила за нему да му робува и да му поднесува извештаи.

Како бе кукло наша уште не се освести дека тој не е за тебе? Но, како да ѝ кажам, кога секој пат кога ќе ја споменам темата се лути, очите ќе ми ги извади.

Ѝ го гуши духот, ја прави вистински безрбетник во очите на другите. Таа нема моќ врз својот живот. Мора да моли за дозвола за кафе со другарките. А што кога ќе одлучи да појде во кафеана со колегите или можеби на службен пат со директорот? Дали тогаш камшици има да летаат ако таа не го откаже планот, па дури и по цена сите да ѝ се смеат и да се чувствува мизерно или пак дури и да даде отказ од работа?

Ова дефинитивно не е здрав начин на функционирање. Партнер имаме за да ни биде убаво, за да споделуваме мигови, за да градиме заедно, а не за тој да ја руши нашата индивидуа, да ни ја одзема слободата и да ни прави секој пат кога сакаме да прошетаме некаде без него, односно да им посветиме време на другите луѓе што ги сакаме, тешкотии во желудникот.

Дали секоја кафе средба со другарките неа треба да ѝ биде вистинска административна процедура за барање дозвола на која тој треба да удри потпис и печат?

Мене и кафе би ми се отпило, а и би ми се отсакало со него живот да градам. Не се родив да робувам некому, воопшто не верував дека љубовта некој може така да ја огрди.

Душо, освести пред да биде предоцна, па да му кажеш „да“ на диктаторот и да му дадеш моќ да ти го диктира остатокот од животот, сè до последниот здив.

Таков партнер не ти треба, таква љубов среќа не носи... Дојди си ти со нас на кафе, па вистинскиот сам ќе пристигне! Овој дефинитивно не е од тој ков.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg