Твоите зборови се убави, ама следниот пат задржи си ги за себе

Сте сретнале некогаш луѓе кои мислат дека знаат сè? Всушност, се извинувам. Глупаво прашање нели? Па се разбира, кога сме опкружени со нив.

tvoite_zborovi_ze_ubavi_ama_sledniot_pat_zadrzi_si_gi_za_sebe_01.jpg

Буквално каде и да се завртиш има по некој сезнајко. Некој што толку добро ве познава, некој што толку многу е искусен, а на крај е само некој што е доволно безобразен и дрзок да ви објаснува како се живее животот.

Но, проблемот не лежи тука. Проблемот е во нас. Самите сме си виновни кога само си молчиме и внимателно си слушаме. Од дома нè научиле да бидеме културни и да не го прекинуваме соговорникот кога ни се обраќа.

А кој го учел нашиот соговорник? Зарем мамичка дома му кажувала секој ден дека тој е најпаметен и секој заслужува да го слуша? Па кај него се развил некој тежок облик на нарцисоизам и сега тој е доволно самоуверен да соли памет на сите.

И ти продолжуваш да го слушаш тој сезнајко тајно велејќи си во себе „Остави го, толку знае, нека си кажува“. Е, ама што се случува кога ќе дозволиме тој сезнајко навистина да има влијание врз нашиот живот?

Што ако утре започнеме да се преиспитуваме себеси и да помислиме дека можеби е во право? Што ако (не дај боже) одлучиме да го послушаме неговиот глупав совет?

Таквите личности имаат некоја способност понекогаш да ни се пикнат под кожа. Иако сме свесни дека сè што зборуваат е комлетна глупост, сепак ќе потрошиме минута или две да помислиме дали има некоја вистина во нивните зборови.

И следниот пат кога ќе се најдеме пред некој толку „паметен“ да ни раскажува како нашите постапки се погрешни и како тој знае што и како треба да направиме, да постапиме како што навистина треба.

На културен начин, онака како што родителите нè научиле, да им кажеме дека сме возрасни и способни да си го одбираме патот по кој што сакаме да газиме. Ќе си направиме одлична услуга не само себеси туку и ним.

Бидејќи очигледно е дека никој не им кажал како не треба да го „брцкаат носот во туѓа чорба“. Нека си го гледаат сопствениот живот и нека си ги применат сопствените совети врз себе. Така за сите ќе биде подобро.

Ем нема да расипеш пријателство, ем ќе си останеш со мирна глава.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg