9 најкреативни говорни пораки

Најчестата порака е: "Во моментов не сум дома, оставете порака ќе ви се јавам... тииит". Но, не секогаш е така. 

 9-najdobri-govorni-poraki-001.jpg

Ние ви ги претставуваме 9те најкреативни говорни пораки:

1. Мојата сопруга и јас не можеме да се јавиме во моментов, но ако ни оставите ваше име и број, ќе ви се јавиме веднаш штом “свршиме”.

2. Ало? Зборувате со телефонската секретарка. На мојот сопственик не му се потребни прозори, када, сервиси за јадење, чистење на теписите бидејќи се чисти. Истотака, дава пари во добротворни цели на работа. Доколку сте сé уште со мене, ве молам оставете го вашето име и број и сопственикот ќе ви се јави штом може.

3. Ова не е телефонска секретарка. Ова е направа за телепатско снимање на вашите мисли. По сигналот помислете на вашето име, вашиот број и причина за која се јавувате... ај јас ќе размислам дали ќе ви се јавам.

4. Здраво! Телефонската секретарка на Јован е расипана. Ова е неговиот фрижидер. Ве молам да зборувате полека, а јас ќе ја залепам на себе вашата порака со магнет.

5. Здраво! Јован овде: Ако сте од телеком, ви ги пратив парите. Ако се моите родители, пратете ми пари. Ако сте од банката, не ми дадовте доволно пари. Ако сте ми пријател, ми должите пари. Ако сте жена, не се секирајте имам мноооогу пари.

6. Здраво! Ако оставиш порака ќе те побарам наскоро. Ако оставиш секси порака ќе те побарам што поскоро.

7. Здраво! ... Сега ти кажи нешто.

8. Здраво, јас сум најверојатно дома, но избегнувам некого што не го сакам. Остави ми порака и ако не ти се јавам, тогаш тоа си ти.

9. Здраво! Ги добивте Јован и Соња. Не можеме да се јавиме во моментов бидејќи правиме нешто во што навистина уживаме. Соња сака да го прави тоа нагоре-надоле, а јас пак лево-десно... навистина полека. Па оставете порака и ќе ви се јавиме штом завршиме со миење на заби.

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg