Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат

Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ставале тетоважа налик насмевката на Џокер. Интересни факти за Аину народот во Јапонија. 

ainu-narodot-i-nivnata-tradicija-mechkata-im-e-sveto-zivotno-devojkite-se-tetoviraat-pred-d-se-omazat-01.jpg

Аину е првиот источноазиски народ кој се населил на денешните простори на Јапонија.

Се верува дека тие се најстарата етничка група во Европа и Азија.

Дури и кинескиот народ во споредба со нив се смета за „млад“.

Она што е интересно е тоа што научниците сѐ уште не знаат од каде точно Аину луѓето потекнуваат.

ainu-narodot-i-nivnata-tradicija-mechkata-im-e-sveto-zivotno-devojkite-se-tetoviraat-pred-d-se-omazat-03.jpgфото: Фејсбук

Тие првпат се појавиле во Јапонија и Русија во 13 век п.н.е.

До 19 век речиси и да немале никаков контакт со никој од другите етнички групи што постоеле во тоа време. 

Физички повеќе потсетуваат на Европјани отколку на Монголци, поради што често биле предмет на дискриминација во Јапонија.

Мажите имаат долга коса и долга брада, која никогаш не ја бричат. 

Жените имаат тетоважи кои започнуваат да ги цртаат по телото уште во детството.

ainu-narodot-i-nivnata-tradicija-mechkata-im-e-sveto-zivotno-devojkite-se-tetoviraat-pred-d-se-omazat-05.jpgфото: Фејсбук

Кога девојката од Аину ќе наполни 6 или 7 години, прво ѝ се прави тетоважа над горната усна. 

Народот Аину верува дека овој ритуал ги штити девојчињата од зли духови кои се обидуваат да влезат во нив преку нивните усти.

Со годините оваа тетоважа избледува, а кога ќе достигне одредена боја и форма, се верува дека девојката е подготвена за брак.

Во 19 век, владата на Јапонија забранила цртање на вакви тетоважи, но некои од жените продолжиле да ги прават тајно, почитувајќи ја традицијата на својот народ.

ainu-narodot-i-nivnata-tradicija-mechkata-im-e-sveto-zivotno-devojkite-se-tetoviraat-pred-d-se-omazat-06.jpgфото: Пинтерест

Последната жена Аину со оваа тетоважа на лицето починала во 1998 година, а денешните Аину девојки на ист начин ја исцртуваат устата со шминка за време на празниците.

Освен оваа над устата, Аину жените правеле и тетоважи со геометриски форми за кои се верува дека ги штитат и девојките од болести и уроци.

ainu-narodot-i-nivnata-tradicija-mechkata-im-e-sveto-zivotno-devojkite-se-tetoviraat-pred-d-se-omazat-02_copy.jpgфото: Pixаbay.com

Аину луѓето се занимавале со лов, риболов и берење овошје. 

Живееле во земјени куќички од најмногу 35 метри квадратни, во кои на средината имало камин.

Многу зборови во јапонскиот јазик се земени од јазикот на Аину луѓето.

Мечките во нивниот живот и култура имаат голема улога и постојат многу верувања поврзани со овие животни.

За нив мечката е свето животно и веруваат дека доколку добро се однесуваат кон неа, нејзиниот дух ќе донесе среќа за целата зедница.

Археолозите дури сметаат дека токму овој народ ги донел мечките со себе на островот Хокаидо.

ainu-narodot-i-nivnata-tradicija-mechkata-im-e-sveto-zivotno-devojkite-se-tetoviraat-pred-d-se-omazat-07.jpgфото: Фејсбук

Кон крајот на 19 век Јапонците почнале да се населуваат ширум нивното подрачје.

На Аину луѓето им било забрането да ги извршуваат своите ритуали, па овој народ полека почнал да го губи својот идентитет.

Од нив се барало да ги усвојат јапонските имиња, да зборуваат јапонски и полека им било забранувaно да ја применуват својата традиција.

Сепак, во 2019 година, јапонската влада ги прогласила Аину за домороден народ и повикала на конечен крај на дискриминацијата врз овој народ.

Денес, народот Аину се обидува да го обнови својот културен идентитет. 

Тие имаат дури и свое знаме. 

Сината позадина ги симболизира небото и морето, а белата претставува снег. 

Копјето е црвено симболизирјќи го отровот кој ловците го користеле, а кој владата им забранила да го користат.

ainu-narodot-i-nivnata-tradicija-mechkata-im-e-sveto-zivotno-devojkite-se-tetoviraat-pred-d-se-omazat-08.jpgфото: Википедија

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg