Инспиративни цитати кои вреди да ги знаете

Секој ден се будиме со желба да бидеме подобри и поуспешни од вчерашниот ден, меѓутоа понекогаш ни треба мала инспирација за тоа да го направиме.

inspirativni-citati-koi-vredi-da-gi-znaete

Затоа не пропуштајте ги најпознатите инспиративни цитати и секојдневно потсетувајте се на барем еден од овие.

„Ја мразев секоја минута од тренингот, но си реков: Не се откажувај. Страдај сега и помини го остатокот од животот како шампион.“ - Мухамед Али

Кога сте на работ на откажувањето, застанете и потсетете се колку сиот труд што ќе го вложите ќе ви се исплати.

„Бидете верни на она што постои во вас.“ - Андре Жид

Грижете се за самите себе повеќе отколку за другите и престанете да се жртвувате. Колку и да звучи себично, не си помагате кога нечии туѓи желби и идеали ги вреднувате повеќе од своите.

„Верувањето ја создава вистината.” – Вилијам Џејмс

Умот е исклучително моќен, не го потценувајте. Верувајте дека треба да вложите само малку верба за нешто да се оствари.

„Суди го секој ден не според плодот кој си го собрал, туку според семето кое си го засадил.“- Роберт Луис Стивенсон

Наместо да чекате признание за вашето добро дело, продолжете со добрите дела. Не очекувајте дека некој ќе ве пофали, едноставно доброто ќе ви се врати со добро кога најмалку ќе очекувате.

„Среќата не е нешто што го одложуваш за иднината; среќата е нешто што го создаваш за сегашноста.“ - Џим Рон.

Не чекајте секој ден да ви се случи нешто посебно, туку создадете го самите. Секој ден правете го она што го сакате и што ве исполнува, тоа е единствениот рецепт за среќа.

„Променете ги вашите мисли и ќе можете да го промените целиот свет” - Норман Винсент

Вашиот начин на гледање на нештата е всушност вашиот свет. Не дозволувајте да имате негативни очила, бидејќи сè што ќе гледате се несреќи и разочарувања. Секој ден пронаоѓајте позитивни нешта, така што ќе уживате во задоволствата и благодетите на животот.

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg