Да се биде славен или не?

Кога би сакале да цитирате некого, најверојатно прво тоа би бил некој писател, филозоф или можеби тоа би било реплика од некој филм или серија.

da-se-bide-slaven-ili-ne

Ние одвоивме неколку интересни мисли на познати личности на тема слава и желба за слава во животот кои се мошне реални и би можеле да ви дадат некоја насока на размислување.

- Популарност всушност значи дека постојат милиони луѓе кои имаат погрешна идеја за тоа кој сте вие навистина. – Ерика Џонг

- Ако човек успее да направи мост помеѓу животот и смртта, и ако и после смртта е жив затоа што луѓето и понатаму зборуваа за него, тоа значи дека бил голем човек. Бесмртноста е единствен вистински успех. – Џејмс Дин

- Не сакам да бидам славна, исклучителна... Сè што сакам е авантура, промена, способност да го отворам својот ум и очи, и ќе одбивам да бидам жигосана. – Вирџинија Вулф

- Луѓето кои се посветени на работата, тврда дека мораат да бидат сами за да ги наполнат батериите и да ја сочуваат креативноста. Не може да се живее 24 часа дневно во центарот на вниманието и да се очекува да бидете креативни. За мене, самотијата е победа. – Карл Лагерфелд

- Јас сум инстант ѕвезда. Само додадете вода. – Дејвид Боуви

- Најважна работа за повеќето луѓе е да станат некој и нешто. Јас немам ни најмала амбиција да станам било кој. – Фрида Кало

- Лолита е славна, не јас. Јас сум само еден опскурен писател со неизговорливо име. – Владимир Набоков

- Богатството е како морска вода, колку повеќе ја пиеме, толку сме пожедни. Истото важи и за славата. – Артур Шопенхауер

- Ако го издувам носот, за тоа ќе пишуваат ширум светот. – Одри Хепберн

- Да се биде славен е изопачено, да се биде нормален е многу подобро. – Руперт Гринт

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg