Мудри изреки за човековите особини

Во животот сретнуваме многу уникатни личности кои ги дефинираме според нивната егоистичност, дарежливост, упорност, издржливост, работливост, мрзеливост и што ли уште не.

mudri-izreki-za-coveckite-osobini-01

Затоа, прочитајте кои се најубавите мудри изреки некогаш составени во чест на сите човечки особини кои не чинат она што сме.

- Во тебе се кријат тројца. Првиот е каков што сакаш да биде. Вториот, каков што мислиш дека си. А третиот, каков си навистина. И единствено тој не го познаваш доволно добро.

- Во секој од нас живее чудно слепило. Сè гледаме, освен самите себе.

- Кога барате совет, размислете за можноста на неговото прифаќање.

- Мудриот човек не кажува сè што мисли, но затоа мисли сè што кажува.

- Совет бараме тогаш кога го знаеме решението, но тоа не ни се допаѓа.

- Кога некој е вреден слуга, жалосно би било да стане господар.

- Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту образованието. Упорноста и одлучноста се моќ.

mudri-izreki-za-coveckite-osobini-02

- Постојат само две бесконечни работи на светот - вселената и човечката глупавост... Но, за вселената и не сум баш сигурен.

- Човекот кој знае да го прикрие своето незнаење знае многу повеќе.

- Светот е опасно место за живеење, не заради злобните луѓе, туку заради добрите кои ништо не превземаат.

- Она што се смета за тврдоглавост кога целта е лоша, се смета за упорност кога таа е добра.

- Наша работа не е да гледаме што се надзира во далечината, туку она што е јасно поставено пред нас.

- Секој може да критикува, но само стручното лице знае да пофали.

- Храбар е оној кој признава дека е кукавица.

- Некои битки мора да се водат неколку пати за да се добијат.

- Кога пријателите ќе се вивнат високо, не барај ги додека не те побараат самите.

- Прави го она во што веруваш и верувај во она што го правиш. Сè останато е расипување на вербата и губење на времето.

- Трудете се да бидете она што се, а не она што би требало да бидете.

- Научивме да разбиваме атоми, но не и предрасуди.

- Фантазијата е подалеку важна од знаењето.

- Престани да размислуваш за своите граници, започни да ги откриваш своите можности.

Би можело да ве интересира:

Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg