8 изненадувачки факти за леваците

Само 10% од светската популација ја користи левата рака повеќе од десната, докажале неколку истражувања спроведени во последните 10 години. Тоа значи дека еден човек од 10 е левак и токму тој 1 човек има многу поинтересни особини и способности, за разлика од останатите.

8-iznenaduvacki-fakti-za-levacite-01

Дознајте ги 8те најинтересни факти за леваците:

1. За разлика од деснаците кои се подобри математичари, леваците се брилијантни во визуелни задачи и затоа се бават најчесто со архитектура или уметност. Интересно е и дека 4 од 5 дизајнери на Мекинтош компјутерите биле леваци.

2. Леваците се позастапени во групите на генијалци. Според едно истражување, поголем број на леваци имаат IQ 140, отколку деснаци.

3. Ако сте загрижени дали вашето дете ќе биде левак или деснак, погледнете го ултразвукот во последните месеци. Дури 90% од бебињата во стомакот го цицаат палчето на раката која ќе му биде примарна.

4. Ако очекувате близнаци, бидете свесни дека голема е веројатноста еден од нив да биде левак.

5. Поголем број на леваците го цртаат профилот кој го гледаат во десно, бидејќи имаат проблем да ги цртаат и гледаат работите воедно од лева страна.

6. Во тенисот и боксувањето леваците имаат предност. Голем број на светски познати и успешни тенисери се леваци, како на пример Рафаел Надал.

7. Леваците обично влегуваат во пубертет 4 до 5 месеци подоцна од деснаците.

8. Телото на леваците има поголема рамнотежа. Истражувањата покажале дека оние на кои десната рака им е примарна се поосетливи. Поточно, леваците полесно можат да ги извршат работите со десна рака, отколку деснаците со лева.

Би можело да ве интересира:

Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg