37 животни лекции за 37 години: Нашето тело е превозно средство на нашите соништа

25. Кажи „да“ на сè што ти го подобрува расположението

Понекогаш кажи „Не“, без извинување, на сè што ве прави несреќни. Времето е драгоцено и мора паметно да го користиш.

26. Понекогаш ги надраснуваме пријателствата

Тоа не значи дека биле лоши или дека вие сте лоши. Само значи дека сте тргнале во различни правци. Чувајте ги во срцето, но ако ве влечат наназад или надолу време е да го ослободите просторот и да заминете.

27. Стравот често е добар показател за она што го сакаме и што ни е потребно во животот

Нека ви биде компас и уживајте во авантурите кон кои ве води.

28. Надминувањето на стравовите е една од најдобрите работи кои може да си ги направите

Докажете си себеси дека можете сè да направите и дека од ништо не се плашите

29. Нашето тело е превозно средство на нашите соништа

Кон луѓето однесувајте со љубов и полнете ги со позитивна енергија. Но, никогаш не ја губете од вид големата слика. Изгледот е субјективен и со текот на времето избледува. Сепак, важно е да останете здрави.

30. Нека знаат оние кои ги сакате

Никогаш не можеш никому да покажеш премногу љубов. Твоето време, присуство, љубов и внимание се најголемото богатство кое можеш да им го дадеш на другите.

31. Сегашност

Учи од своето минато и уживај во убавите сеќавања, но немој да зависиш од нив или да им дозволиш да те прогонуваат. Сонувај големи соништа за иднината, но не се опседнувај. Уживај во сегашните мигови.

37-zivotni-lekcii-za-37-godini-naseto-telo-e-prevozno-sredstvo-na-nasite-sonista-4

32. Животот е полн со успеси и падови

И едното и другото е потребно за да ги искажеме сите наши потенцијали. Само врзете се цврсто и уживајте во возењето.

33. Сите сме едно големо семејство

Никој не е подобар ниту полош од другите, само е во друга фаза од животот.

34. Вежбај секојдневна благодарност за сè што имаш во животот

Не само што ќе се чувствуваш подобро, туку ќе имаш простор и за сите идни радости.

35. Не сте во центарот на светот

Понекогаш егото нè тера да се чувствуваме така, но кога ќе излезете од рамката ќе го видите светот во поинакво светло , со туѓи очи и различна перспектива.

36. На светот му треба повеќе љубов, светлина и насмевки

Покрај сето сивило потребно е секојдневно во обичните работи да бараме повеќе љубов, да се смееме почесто и да се почитуваме.

37. Ти си гуру

Речиси цело време во животот некој друг ни кажува што треба да правиме, мислиме, што е добро и како треба да изгледа успехот. Не наседнувајте на тоа. Мислете со својата глава, а кога ќе престанете да го правите она што другите ви го кажуваат ќе почнете да ја следите својата интуиција и ќе бидете неизмерно среќни.

37-zivotni-lekcii-za-37-godini-naseto-telo-e-prevozno-sredstvo-na-nasite-sonista-2



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg