Марфиеви мисли и закони

Марфиевите закони важат за едни од најинтересните и секогаш точни. Во продолжение е направена комбинација од најинтересните Марфиеви мисли и закони во комбинација со мисли од познати личности и филозофи.

marfievi-misli-i-zakoni-01.jpg

Тема се мажите, жените и бракот.

1. Ако не се ожениш ќе се покаеш. Ако се ожениш ќе се покаеш уште повеќе.

2. Бигамија значи една жена вишак. Моногамија исто така.

3. Кога мажите би знаеле како жените го поминуваат времето кога се сами, никогаш не би помислиле да се оженат.

4. Љубовта е нешто идеално, бракот е нешто реално. Предупредување: мешањето на идеално со реално е опасно.

5. Ако се плашиш од осамност, никогаш немој да се омажиш.

6. Кога ќе се заштитиш самиот себе, ожени се и заштити некој друг.

7. Најдобар маж за било која жена е археолог. Колку е постара- толку му е поинтересна.

8. Кога паровите не би живееле под ист покрив, би имало многу повеќе среќни бракови.

9. Должината на бракот е обратно пропорционална со парите вложени во венчавката.

10. За сите несреќни бракови, виновни се мажите кои немаат мозок.

11. Никаде не пишува дека твојот сопруг баш никогаш не е во право.

12. Кога се друго ќе пропадне, пробај да направиш како што ти советува жена ти.

13. Во секој пар има барем еден идиот. Не е реткост ни да се двајца.

14. Чевлите ќе почнеш да ги ставаш на место откако ќе нагазиш на сопствените омилени чевли.

15. Никогаш немој да дозволиш тој да почувствува дека си подобра од него.

16. Ако му кажеш на маж ти да купи 5 работи од продавница, и во последен момент му додадеш уште една, тој ќе ги заборави првите 2 со гаранција!

17. Еден брачен пар е добро споен кога двајцата сопружници ќе почувствуваат желба за расправија во исто време.

18. На кој начин да се согласите со сопругот за домаќинските работи, неговите по правило ќе бидат полесни.

19. Поклоните кои и ги купуваш на својата жена никогаш не се така погодени како оние кои и ги купува комшијата на неговата.

20. Парталчињата на жените се шират се додека не ги превземат сите расположливи плакари низ домот.

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg