Го цените тоа што го гледате во огледалото - 15 знаци дека сте успеале во животот

Секој од нас може да се чувствува како да е губитник во животот од време навреме. Иако ова е нормално чувство мора да пронајдете начин како да го погледнете вашиот живот од друга перспектива. 

15-znaci-deka-ste-uspeale-vo-zivotot-1

Понекогаш ги игнорираме малите работи, и ако не сме екстра богати, не живеме во палата или не возиме скап автомобил се чувствуваме како да не сме успеале.

Всушност, вистината е токму спортивното од тоа.

Еве неколку знаци дека сте успеале во животот и сте созреале и научиле многу од него:

1. Вашите врски повеќе воопшто не се драматични, не само со вашиот партнер туку и со сите ваши блиски пријатели и роднини.

2. Не се плашите да побарате помош или поддршка од некого кога навистина ви е потребна.

3. Вашите стандарди се многу повисоки отколку што биле порано и не дозволувате некој лошо да се однесува со вас.

4. Не се држите до работите по секоја цена и се откажувате од работи и луѓе кои ви прават да се чувствувате лошо.

5. Го цените тоа што го гледате во огледалото.

6. Научивте дека тешките моменти и моменталните пречки се дел од растењето и созревањето.

7. Речиси никогаш не се жалите.

8. Не сте љубоморни и се гордеете и среќни сте за туѓите успеси.

9. Имате поставено цели и страстно стремите кон нив.

10. Сочувствувате со другите и вашата емпатија е на многу повисоко ниво од порано.

11. Љубите силно, отворени сте за нова љубов и не се плашите од одбивање.

12. Нема да дозволите никогаш да бидете жртва.

13. Навистина не се грижите за тоа што зборат луѓето за вас.

14. Секогаш гледате на светлата страна на работите.

15. Го прифаќате она што неможете да го промените.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg