Решителна и силна: 10 цитати на Маја Анџелоу кои ја враќаат верата во подобро утре

Животната приказна на почитуваната американска писателка и активист е вистински доказ дека со многу храброст и вера во подобро утре можеме да ги совладаме дури и најголемите проблеми во животот. 

resitelna-i-silna-10-citati-na-maja-angelu-koi-ja-vrakaat-verata-vo-podobro-utre-01.jpeg

Родена е на 4 април 1928 година во Сент Луис како Маргерит Ени Џонсон, а нејзиното детство било одбележано со бројни трауми. Има објавено седум автобиографии, а пишувала и поезија, драма и сценарија за филмови и серии.

Покрај актерството и режијата Анџелоу станала првата афроамериканска режисерка која режирала филм за голема компанија („Down In The Delta“ 1998). Делата на оваа голема жена, која починала во 2014 година, се извор на мудрост.

Ова се најубавите цитати на Маја Анџелоу кои ќе ви ја вратат верата во подобро утре.

„Ако не сум добра за себе како можам да очекувам другите да бидат добри за мене?“

„Не верувам на никој што не се смее.“

„Обидете се да бидете виножито во нечиј облак.“

„Љубовта не ги познава бариерите. Таа ги прескокнува пречките и оградите, поминува низ ѕидовите за да стигне до нејзината дестинација полна со надежи.“

„Ако во себе имате само една насмевка дајте им ја на луѓето што ги сакате.“

„Омразата има предизвикано многу проблеми, но сè уште не решила ниту еден проблем.“

Resitelna i silna 10 citati na Maja Angelu koi ja vrakaat verata vo podobro utre 02

„Имајте доволно храброст уште еднаш да верувате во љубовта.“

„Во сите нас живее копнеж за домот, безбедно место на кое можеме да дојдеме онакви какви сме, каде нема да не преиспитуваат.“

„Оној кој ве гледа како опција никогаш не треба да ви биде приоритет.“

„Ако нешто не ви се допаѓа, променете го. Ако е ова невозможно применете го вашиот став кон тоа.“

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg