5 цитати на Албер Ками кои го менуваат погледот кон животот

Нобеловецот и писателот, Албер Ками, се издвојува, пред сѐ, поради својот поглед на животот. Во своите книги остава јасни примери за еволуција на ликовите според нивната личност.

5 citati na Alber Kami koi go menuvaat pogledot kon zivotot 01

Тој е познат по својата хуманистичка литература. Под влијание на филозофијата на Ниче, тој става посебен акцент на апсурдноста на човечката состојба. Присуството на егзистенцијализмот во мислите на Албер Ками е изразено во сите негови книжевни дела.

Овие 5 цитати на Ками го менуваат погледот кон животот:

1. „Да не те сакаат е чиста мизерија; но вистинска срамота е да не сакаш“.

Ова е доказ за оние кои доживеале невозвратена љубов, дека она што го чувствувале вреди, без оглед на тагата.

Секој што го искусил ова чувство, иако фрустрирачко, знае дека е подобро да го почувствувате отколку никогаш да не сакате.

2. „Секојпат кога човекот е заробен во светот, и ние сме заробени со него. Слободата мора да биде за секого или за никого“.

Преку овој цитат Ками изјавува дека слободата не може да постои сè додека има еден човек на овој свет без слобода. Тој тврди дека секое човечко суштество мора да има исти права.

5 citati na Alber Kami koi go menuvaat pogledot kon zivotot 02

3. „Човекот има две страни: тој не може да сака без да се сака себеси“.

Многу филозофи и големи мислители нè упатувале кон оваа идеја. Идејата дека е невозможно да се сака, ако не се сакаме себеси.

Ова се заснова на идејата дека можеме да го дадеме само она што веќе го имаме, а љубовта не е исклучок.

4. „Во длабочините на зимата, конечно дознав дека во мене престојуваше непобедливо лето“.

Надежта е во нас, во нашиот став и перспективата што можеме да ги промениме во секој даден момент.

Кога се гледаме себеси само преку нашите успеси и материјални работи, ја ставаме својата вредност надвор од себе.

5 citati na Alber Kami koi go menuvaat pogledot kon zivotot 03

5. „Вистинската дарежливост, во однос на иднината, е да го насочите целото внимание на вашата сегашност“.

Знаеме дека сè што сме се темели на сегашниот момент. Акумулацијата на овие моменти е она што ја сочинува нашата иднина. Така ја градиме нашата судбина, фокусирајќи се на секоја ситуација, обидувајќи се да дадеме сè од себе.

Она што во моментов го живееме е последица на она што го научивме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Најчеста лага е онаа што си ја кажуваме себеси“ – Мудри цитати од Фридрих Ниче за животот и љубовта... „Ниту најмоќните очила понекогаш не успеваат да ја излекуваат личноста што е вљу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg