„Сексот без љубов е потполно бесмислен“ - 15 цитати на славните дами за сексот

Мудрите мисли на дамите кои важат за најубавите и најсексипилните жени на сите времиња со сигурност ќе ви ги отворат очите и умот. Би рекле дека „најважната споредна работа“ на светот не е фудбалот, туку сексот. А што рекле познатите диви во врска со оваа тема?

15-citati-na-slavnite-dami-za-seksot-01.jpg

Прочитајте ги нивните духовити и искрени цитати:

Софија Лорен: Сексот е како миење на лицето, тоа е нешто што го правите затоа што морате. Сексот без љубов е потполно бесмислен. Сексот секогаш доаѓа после љубовта, никогаш пред неа.

Мерил Стрип: Сè што нè прави среќни е навистина едноставно: љубов, секс и храна.

Џеки Кенеди: Сексот е лоша работа, бидејќи ги тутка алиштата.

Деби Хари: Би сакала јас да бев онаа којашто го измислила сексот.

Доли Партон: Секогаш сум била искрена на прашањата поврзани со сексот и драго ми е што сè уште сум… никогаш не ми бил валкан. На крајот на краиштата, Бог ни ги дал органите и можноста. Постои една стара изрека: „Ако Бог сакал да летаме, ни би дал крилја“. Е па погодете што навистина ни дал.

Елизабет Тејлор: Сум имала секс само со оние мажи со кои сум била во брак. Колку други жени може да го потврдат тоа?

Одри Хепберн: Мислам дека сексот е преценет. Јас не сум сексапилна и свесна сум за тоа. Всушност, јас изгледам прилично смешно. Како прво, имам смешни заби, а не поседувам ниту еден атрибут што филмските диви обични ги имаат, всушност немам никакви облини.

Џулиен Мур: Никогаш немате секс како луѓето во филмовите. Не го правите тоа на подот или додека стоите, не ја соблекувате секогаш сета облека која ја имате на себе и вообичаено не носите секси долна облека. Знаете, кога мене некој би ми ги скинал алиштата, би го убила.

Мерилин Монро: Сексот е целосно природна работа. Јас многу ја почитувам природата.

Бети Дејвис: Сексот е шега којашто Бог ја наменил за луѓето.

Џун Картер: Му бев потчинета на својот сопруг и тој ми дозволуваше да правам сè што сакам. Мислев дека сум среќна што имам таков вид на љубов.

Мадона: Веројатно сите си мислат дека сум некоја страшна нимфоманка и дека сум ненаситна, но вистината е дека секогаш ѝ давам предност на добрата книга пред сексот.

Брижит Бардо: Можеби луѓето ме нарекуваат грешница, но јас сум во мир самата со себе.

Елен Деџенерис: Го сакам кафето онакво како што ги сакам мажите. Не пијам кафе.

Џоан Крафорд: Сексот ми е потребен за сјајна кожа, но повеќе би сакала да го практикувам поради љубов.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg