Цитати и мудри поуки за животот, кои креваат од дното и ја враќаат вербата

Животот е чудо, но секој од нас го доживува на поинаков начин. Не постои универзално упатство како треба да живееме, како да се однесуваме, но сепак сите имаме сопствено животно искуство.

Citati-za-zivotot-koi-krevaat-od-dnoto-01.jpg

Прочитајте ги најдобрите цитати, поуки и животни мудрости кои ќе ве кренат од калта и ќе ви ја вратат вербата во животот:

Мудри цитати за животот

„Животот е сон за мудрите, игра за будалите, комедија за богатите и трагедија за сиромашните“ – Шолем Алехем

„Многу е потешко да се суди самиот на себе отколку на другите. Доколку успееш правилно да си пресудиш себеси, значи дека си вистински мудрец“ – Антоан де Сент Егзипери

„Не се сеќаваме на деновите, се сеќаваме на моментите“ – Чезаре Павезе

„На крајот, не се годините кои се бројат во животот, туку животот поминат низ годините“ – Абрахам Линколн

„Дали со раѓањето го заслужуваме животот? Не баш, но дефинитивно сме втурнати во играта“ – Чарлс Буковски

„Животот е она што ти се случува додека ги кроиш плановите за него“ - Џон Ленон

„Не му се предавај на очајот. Животот не е подобар ниту полош од нашите соништа. Само целосно поинаков“ – Вилијам Шекспир

„Живеј како да ќе умреш утре. Учи како да ќе живееш вечно“ – Махатма Ганди

Животни поуки

„Додека живеам, се надевам“ – латинска поговорка

„Што е тоа со нас и животот, во какви конци се вплеткуваме, во што влетуваме со нашата волја, а во што неволно, што зависи од нас и што можеме да сториме со самите себе?

Не сум вешт во размислувањето, го претпочитам повеќе животот отколку да размислувам за него, но како и да го свртиш, излегува дека повеќето работи се случуваат без нас и нашата одлука“ – Меша Селимовиќ

„Животот не е проблем којшто треба да се реши, туку стварност која треба да се доживее“ – Серен Кјеркегор

„Човек може да каже дека животот не му е промашен ако може да направи барем една работа подобро од другите“ – Момо Капор

„Сите ние сме само ученици на занаетот во кој никој не станал учител“ – Ернест Хемингвеј

„Најважно е да уживате во животот и да бидете среќни – тоа е единственото што е битно“ – Одри Хепберн

Животни мудрости

„Сериозноста настанува поради преценувањето на времето. Но, во вечноста концептот време не постои; вечноста е само миг доволен за една шега. Светот е убав кога се набљудува без желбата за трагање, едноставно, како дете“ – Херман Хесе

„Она што не боли – тоа не е живот, она што не поминува – тоа не е среќа“ – Иво Андриќ

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg