Статуата на слободата имала бакарна боја - Помалку познати факти за најпознатите знаменитости ширум светот

Шарениот Партенон

Некои археолози веруваат дека не само Партенон, туку повеќето градби од древна Грција изгледале многу поразлично. На пример, многу веруваат дека Партенон некогаш бил офарбан со повеќе бои.

Тестовите што ги направил еден грчки археолог покажале траги од сина, црвена и зелена боја.

Се верува дека ерозијата предизвикана од временските услови ги отстранила боите. Песокот, сонцето и модерното загадување дополнително го оштетиле храмот кој бил отворен во 432 година п.н.е.

statuata-na-slobodata-bila-bronzena-pomalku-poznati-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-06.jpg

Оџакот на Тауер Бриџ

Овој висечки мост е граден од 1886-та до 1894-та. Мостот е направен преку Темза и води до Лондонската кула, па е една од најпознатите знаменитости во Лондон.

Ако некогаш одите по овој мост, гледајте внимателно - на мостот има оџак, кој е офарбан со иста боја како светилките.

Денес оџакот не е во употреба, но во минатото одовде излегувал чадот од огнот со кој се грееле чуварите.

statuata-na-slobodata-bila-bronzena-pomalku-poznati-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-07.jpg

Тајни тури во Биг Бен

Изгледа дека Лондон крие многу тајни.

Биг Бен е неизбежна локација за посета ако сте во главниот град на Англија. Но, малкумина знаат дека се достапни тури во самата кула. Сепак, мора да бидете жител на Велика Британија за да можете да прошетате внатре.

Иако турите се бесплатни, секој посетител кој ќе влезе во историската градба мора да биде спонзориран од член на Парламентот или Домот на лордовите. Оние кои ја имаат таа привилегија, можат да уживаат во едночасовна тура во кулата.

Турите беа откажани уште пред пандемијата, поради реновирање, но се очекува повторно да продолжат со работа следната година.

statuata-na-slobodata-bila-bronzena-pomalku-poznati-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg