Статуата на слободата имала бакарна боја - Помалку познати факти за најпознатите знаменитости ширум светот

Сите знаеме што се и каде се наоѓаат Статуата на слободата, Партенон или Биг Бен. Многу луѓе ги знаат и историјата и симболиката на овие знаменитости.

Statuata na slobodata imala bakarna boja - Pomalku poznati fakti za najpoznatite znamenitosti shirum svetot-01.jpg

Но, и покрај нивната огромна популарност, сепак постојат некои интересни детали и факти за овие места, што малкумина ги слушнале.

Прочитајте за неколку од нив:

Гавраните во Лондонската кула

Лондонската кула е една од најпрепознатливите градби во Лондон. Изградена е во 1078-ма, од страна на Вилијам Освојувачот.

Кулата ја изградил како кралско престојувалиште, но во периодот од 1100 до 1952-ра, овде биле сместувани најозлогласените криминалци од Англија.

Денес овој замок им е отворен на посетителите, но малкумина знаат дека замокот го „штитат“ шест гаврани. Постои суеверие дека ако гавраните ја напуштат кулата, кралството ќе се сруши.

Поради ова, во кулата постојано има седум гаврани – шесте задолжителни и еден за секој случај.

Се верува дека Чарлс Втори е одговорен за ова суеверие – наредил да се заштитуваат гавраните откако слушнал предупредување дека Кулата и Круната ќе бидат уништени ако птиците си заминат.

statuata-na-slobodata-bila-bronzena-pomalku-poznati-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-02.jpg

Пукнатината на Ѕвоното на слободата

Ѕвоното на слободата било порачано во 1751-ва, во компанија од Лондон. Но, наводно, ѕвоното се скршило после првото тестирање. Поради ова, металот бил претопен и било направено ѕвоното што можеме да го видиме денес.

После 90 години употреба, во 1840-тите, на ѕвоното се појавила мала пукнатина. Дури во 1846-та биле направени обиди да се поправи.

За жал, поправката резултирала со уште една пукнатина, поради што ѕвоното не е функционално. Всушност, никој денес го нема слушнато неговиот оригинален звук.

statuata-na-slobodata-bila-bronzena-pomalku-poznati-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-03.jpg

Бојата на Статуата на слободата

Знаевте ли дека статуата на слободата била со бакарна боја?

Во 1886-та, Франција ѝ ја подари Статуата на слободата на Америка. Секоја година, над четири милиони туристи одат да ја посетат, но малкумина знаат дека статуата изгледала малку поразлично во минатото.

Комбинацијата од дожд, кислород и солена вода резултирала со оксидација на скулптурата. На крај, од бакарна, таа станала сино-зелена. Причината што не се отстранува овој зелен слој од статуата е тоа што ја штити од понатамошно оштетување.

statuata-na-slobodata-bila-bronzena-pomalku-poznati-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg