„Тој што носи грев во душата зборува најмногу“ – 18 шарени шпански мудрости

Шпанската култура е богата, живописна, исполнета со многу бои и мистериозна. Фиеста, музика, борба со бикови, вино, фестивали и танци… шпанскиот начин на живот е како ниеден друг.

18-shareni-shpanski-mudrosti-01.jpg

Шпанците по природа се темпераментни и срдечни, чиј бунтовен и весел став другите народи понекогаш не го одобруваат.

Што се однесува до народните мудрости, како и секој народ, и тие имаат неверојатна богата ризница:

Непријателот на глупавата риба е мамката, а не рибарот.

Да се зборува за борба со бикови и да се биде во арената, не е иста работа.

Три „малку“ и три „многу“ го уништуваат човекот: малку знае – многу зборува; малку прави – многу има; малку заработува – многу троши.

Никогаш не му давајте совети на мажот кога оди во војна и кога е во брак.

Не зборувајте, освен ако не можете да ја подобрите тишината.

Покажи ми жена и ќе ти кажам каков е нејзиниот сопруг.

Не можете да излезете на крај со лудак и со ураган.

Навиките прво се како пајажина, а потоа стануваат цврста мрежа.

Да сакаш кога не те сакаат, е како да одговараш без да биде побарано.

Оној што носи грев во душата зборува најмногу од сите.

Ќерките на добрата домаќинка се мрзливи.

Парите не може да го направат мудар оној што е роден глупав.

Бог им помага на ранобудните.

Оној што озборува заедно со вас, ве озборува и вас.

Мувите не влегуваат во затворена уста.

Не зборувајте за јаже во домот на обесен човек.

Ако сакате куче треба да ги прифатите неговите болви.

Да негирате сè значи дека сте признале сè.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg