Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


„Сите на крајот завршуваме исто, разликата е во деталите – кој како живеел и како умрел“ – цитати на Хемингвеј

Ернест Хемингвеј бил познат американски писател и новинар, човек кој на светот му оставил неверојатно литературно богатство и своите мудри зборови кои дефинитивно треба да ги запаметиме.

Citati-na-slavniot-nobelovec-Hemingvej-01.jpg

За своето ремек-дело „Старецот и морето“, Хемингвеј ја добил Пулицеровата награда во 1953 година, само една година подоцна и најпрестижната награда во светски рамки – Нобеловата награда за книжевност.

Цитатите на Хемингвеј се проткаени со животна мудрост, но и бунтовност, желба за слобода и неизбежна доза на иронија:

„Немој никогаш да мислиш дека војната, колку и да е потребна, колку и да е оправдана, не е злочин“.

„Храброста е гордост под притисок“.

„Светот ќе го скрши секого, но на крајот излегува дека некои се најсилни токму на скршените места“.

„Сакам да спијам. Животот ми се распаѓа кога сум буден, знаете?“

„Животот на секој човек се завршува на истиот начин. Единствената разлика е во деталите – кој како живеел и кој како умрел“.

„Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа што сум ја видел“.

„Што се однесува до моралот, единствено знам дека морално е она поради кое се чувствуваш добро, а неморално она поради кое се чувствуваш лошо“.

„Сите злобни работи започнуваат невино“.

„Не постои поверен пријател од книгата“.

„Сите добро книги делат една заедничка особина – пореални се отколку да би се случеле вистински во реалноста“.

„Кога луѓето зборуваат потруди се да ги ислушаш. Поголемиот дел од луѓето никогаш не слушаат“.

„Човекот не е создаден за пораз. Човекот може да биде уништен, но не и поразен“.

„Не постои некое правило за пишување. Некогаш пишувањето тече лесно и совршено, а некогаш потсетува на рушење на карпи и разнесување на истите со експлозив“.

„Никогаш не тргнувај на патување со некој што не го сакаш“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg