Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Протестот нема да е осуден на пропаст доколку жените се здружени – најдобрите цитати на Клара Цеткин

Пријателите и колегите ја нарекувале „Дивата Клара“ поради нејзината непомирлива природа, директноста и способноста да ги преземе најнеочекуваните акции. 

Najdobrite-citati-na-Klara-Cetkin-01.jpg

Ваквите жени вреди да се споменат не само на 8-ми Март, туку и во сосема обичен ден. Колку да се потсетиме до каде стигнавме.

Прочитајте ги најдобрите цитати на една од главните креатори на женското движење и основач на Меѓународниот ден на жената, Клара Цеткин.

За независноста:

Оние коишто не може да се движат, не ги забележуваат нивните синџири.

За одлучноста:

Кога мажите молчат, нашата должност е да го кренеме гласот во одбрана на сопствените идеали.

За скромноста:

Трудот на жената, особено привлечен за капиталистите, беше создаден не само поради ниските плати, туку и поради покорноста на жените.

За сиромаштијата:

Жените коишто работат не се единствените кои страдаат поради ниските плати. И мажите работници страдаат од овие причини.

За времето:

Има толку многу работи што може да се направат на земјата, направете ги поскоро.

За војната:

Во интерес на сопствениот профит, тие разгореа омраза помеѓу луѓето, а ова придонесе за избувнување на војната.

За хуманоста:

Кога мажите убиваат, ние жените мора да се бориме за да го продолжиме животот.

За здружувањето:

Во одредени сектори каде што трудот на жените игра важна улога, секое движење за повисоки плати, помалку работни часови, итн. нема да е осудено на пропаст, доколку жените се здружени.

За борбата:

Сите мора да се бориме и да работиме неуморно додека фашизмот кој носи крваво угнетување, терор, глад и војна, не биде целосно поразен и уништен.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg