Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


„Еве ја таа проста земја што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски“ – 17 години од смртта на Анте Поповски

Анте Поповски (1931-2003) е еден од најзначајните македонски поети. Автор е на петнаесетина поетски книги, како и на неколку книги есеи. Во неговиот поетски опус спаѓаат „Одблесоци“ (1955), „Тајнопис“ (1975), „Сина песна“ (1984), „Света песна“ (2001) и „Две тишини“ (2003).

17-godini-od-smrtta-na-Ante-Popovski-01.jpg

На 1-ви октомври се навршија 17 години од смртта на големиот поет.

Во негова чест, се потсетуваме на најубавите стихови на Анте Поповски:

На Големото заминување –

мали се сите неба…

(Кога си далеку)

Ти и не знаејќи околу мене

насели две тишини:

една мала, во која те сонувам

и чекам, и една голема

во која исчезнувам.

Твојот заборав и моето заминување

сега и сам Господ – бог

не може да го спречи.

(Две тишини)

Мојата птица ги покрстува небеските варвари,

светлината ја пресоздава во писмо според кое

бела како коска, студена како кама

– неизвесноста пустоши низ нас …

(Мојата сина птица)

Врз секоја карпа, врз секој камен – некој знак!

Целата татковина – свето и непрочитано писмо.

(Непрочитано писмо)

Сега, легнувајќи во самите корени

на новиот век

се загледуваш во мене

и ги згаснуваш една по една

ѕвездите во моите очи.

(Од сина тишина зборови)

Го преврзуваше сонцето со влажна шамија

И го успиваше крај неа.

Ние, дури чекавме да расцутат овошките,

Таа веќе ги береше плодовите од нив

Полни чинии поставуваше пред нас

И ништо не ја возбудуваше.

Цел живот верував дека е жена

Не знаев дека е Бог

Само тој не копнее по ништо.

(Љубовна)

Еве ја таа проста земја

од дволичен камен

и сонце.

О, еве ја таа проста земја

од грч

и од чекање

Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски

А никој не ја знае.

(Македонија)

17-godini-od-smrtta-na-Ante-Popovski-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg