„Во време на лаги, кажувањето на вистината е револуционерен чин“ - Се навршија 71 година од смртта на Џорџ Орвел

Можеби името Ерик Артур Блер не ви значи ништо, но Џорџ Орвел сигурно ви буди многу асоцијации. Годинава на 21 јануари се навршија точно 71 година од неговата смрт. Орвел е роден на 25 јуни во 1903 во Бенгал, Индија, а починал на само 46-годишна возраст, во 1950 година.

Se-navrshija-71-godina-od-smrtta-na-Dzordz-Orvel-01.jpg

Тој е еден од најпочитуваните британски автори, најпознат по неговите ремек-дела „Животинска фарма“ – алегорија на политичко уредување и „1984“ дистописки роман инспириран од тоталитаризмот во Европа, односно суровите форми на фашизмот и комунизмот.

Со полно право Орвел е нарекуван литературен херој, гениј и визионер, бидејќи неговата дела се практично безвременски, толку популарни дури и во модерното време во коешто живееме денес.

Se-navrshija-71-godina-od-smrtta-na-Dzordz-Orvel-02.jpg

Во негова чест го имаме и неологизмот „орвелски“ кога сакаме да опишеме ситуација, идеја или социјални услови кои се идентификуваат како деструктивни за благосостојбата и напредокот на слободното и демократското општество.

Орвел бил еден од ретките со строг морален компас и чувство за правда што најдобро се отсликува низ неговите култни цитати кои го премостуваат јазот на времето. Делуваат свежо и актуелно и денес:

„Најефикасниот начин да се уништат луѓето е негирањето и разнебитувањето на нивното разбирање за сопствената историја“.

„Војната е мир, слободата е ропство, незнаењето е моќ“.

„Доколку сакаш да скриеш некоја тајна, тогаш мора да ја скриеш и од самиот себеси“.

„Во време на лаги, кажувањето на вистината е револуционерен чин“.

„Можеби човек не сака да биде толку сакан колку што сака да биде разбран“.

„Изборот на човештвото е помеѓу слободата и среќата, сепак за поголемиот дел од човештвото, среќата звучи подобро.“

„На долг рок, хиерархиско општество е единствено возможно доколку се темели на сиромаштија и лага“.

„Луѓето спијат мирно во своите кревети само поради тоа што суровите луѓе се подготвени за насилство во нивно име.“

„Суштината на тоа да се биде човек е во тоа да не се трага по совршенство“.

„Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.

„Политичкиот јазик е осмислен да прави лагите да звучат вистинито и убиството достојно за почит, и да му се даде цврстина на ветрот во магла“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Проклетството на Џон Рокфелер: Еден негов внук го изеле човекојадци, а друга внука си ги убила ќерки... Нивното презиме е синоним за богатство и се смета дека основачот на империјата б...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg