Во понеделник најмногу се „гугла“ и 50% од луѓето во светот доцнат на работа

Веројатно најомразениот ден во неделата, понеделник, обично означува повторно почнување на вашите рутини.

vo-ponedelnik-najmnogu-se-gugla-i-50-od-lugjeto-vo-svetot-docnat-na-rabota-001.jpg

Меѓутоа, понеделникот е многу повеќе од „проклетство.“

Ова се неколку интересни факти за него:

1. Научниците сметаат дека е помалку веројатно да врне дожд во понеделник, отколку во било кој друг ден од неделата. Сепак, нема подлабоко објаснување за ова, освен статистиката во одреден временски период.

2. YouTube стана реалност во понеделник, 14-ти февруари 2005-та година.

3. Бројни песни во западната култура го претставуваат понеделник како ден за депресија, анксиозност, хистерија и меланхолија.

4. Канцеларијата за национална статистика во Англија открила дека процентот за самоубиство е поголем во понеделник, додека за викендите е 13% понизок.

5. Верувале или не, во понеделник има позитивни работи. На пример, кога одите да купите нов автомобил, направете го тоа во понеделник. Салоните обично имаат викенд акции, па кога ќе дојде понеделник, викендот им се чини далеку и подготвени се на сè само за да остварат продажба.

6. Истражувањата покажуваат дека понеделникот е единствениот ден кога 50% од вработените доцнат.

7. Во понеделниците, најголем дел од времето луѓето го поминуваат пребарувајќи по интернет, па затоа важи и за најнепродуктивниот ден во неделата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg