Објавил дека боледува од сида ден пред неговата смрт, имал 4 заби повеќе – факти за легендарниот музичар Фреди Меркјури

Бил пријател со принцезата Дијана

Меркјури се дружел со разни луѓе од јавниот свет, меѓу кои и принцезата Дијана. Меѓу другите познати пријатели на Меркјури биле Елтон Џон и Род Стјуарт.

View this post on Instagram

A post shared by Freddie Mercury (@freddiemercuryclub)

Приватно, Фреди бил многу срамежлив

На сцената, Фреди е препознатлив како див и откачен, но колегата од бендот Queen, Роџер Тејлор за него вели: „Тој беше срамежлив, нежен и љубезен. Не беше личноста што ја претставуваше на сцената“.

View this post on Instagram

A post shared by Freddie Mercury (@freddiemercuryclub)

Како што е прочуено, тој сакал епска забава. Озлогласен по организирањето забави кои траеле со денови, со многу танчари, стриптизери и недозволени супстанци.

Забавите на Меркјури биле толку познати што хотелот во кој тој го прославил роденденот во 1987 година сè уште секоја година одржува забава во негова чест.

Го посветил својот соло албум на своите мачки

Меркјури бил познат љубител на мачки, имал дури десет мачки, од кои сите освен една биле спасени од засолништата.

Омилена му била Далила, а доказ за посебната љубов кон неа е споменувањто во повеќето негови текстови.

Најдолгата и најважна врска на Фреди е онаа со Мери Остин

Иако често е етикетиран и славен геј фронтмен, Меркјури исто така имал многу врски со жени во текот на годините.

Меѓутоа, ниту еден маж или жена никогаш не би можеле да го заземат местото на Мери Остин, која првпат ја запознал во 1969 година и би се оженил доколку не продолжил да ја изневерува за време на нивната свршувачка.

Мeри добила половина од имотот на Фреди по неговата смрт, а локацијата на пепелта строго ја чувала во тајност.

Без разлика на врската со Остин, последен партнер на Меркјури бил Џим Хатон, ирски фризер и иако не можеле да се венчаат, живееле заедно и ја изразувале својата љубов носејќи бурми.

Објави дека боледува од сида ден пред неговата смрт

Иако датумот на дијагнозата на сида на Меркјури не е потврден, нашироко се шпекулира дека е некаде околу 1987 година поради неговиот сè послаб изглед и крајот на турнејата на бендот Queen.

На 23 ноември 1991 година, ден пред неговата смрт, Фреди ја потврдил неговата дијагноза и изјавил:

„Почувствував дека е правилно да се задржат овие информации приватни за да се заштити приватноста на оние околу мене. Сепак, сега е време моите пријатели и обожаватели ширум светот да ја знаат вистината и се надевам дека сите ќе ми се придружат во борбата против оваа страшна болест“.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg