Факти за Гркот Аристотел Оназис и проклетството на неговото семејство – беше најбогат човек во светот, се ожени со Џеки Кенеди

Но, во 1973-та година семејството било погодено од голема трагедија, кога неговиот син Александар Оназис починал во трагична авионска несреќа. Иако бил лиценциран пилот, тој не управувал со авионот на компанијата на неговиот татко.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-13.jpg

Една година подоцна, починала и првата сопруга на Аристотел, Атина од предозирање со лекови, а многумина шпекулирале дека станува збор за самоубиство.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-12.jpg

Аристотел бил скршен од болка по загубата на синот. Се верува дека боледувал од автоимуното заболување мијастенија гравис која се манифестира со патолошка заморливост на скелетните мускули. Се верува дека тој починал во 1975-та година на возраст од 69 години, а како причина за смртта се наведува прекин на работењето на органите за дишење.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-11.jpg

Односот на Џеки и на Аристотел бил толку заладен што таа воопшто не дошла во болницата додека бил на смртна постела. По неговата смрт таа добила само годишна исплата од 250.000 долари, но тоа не ѝ било доволно заради што поднела жалба. По неколкугодишна судска битка со ќерката на Оназис, Кристина, Џеки добила конечна исплата од 26 милиони долари.

fakti-za-grkot-aristotel-onazis-i-prokletstvoto-na-negovoto-semejstvo-beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-se-ozheni-so-djeki-kenedi-22.jpg

Во само 3 години починале тројца членови на семејството Оназис, по што ќерката на Аристотел, Кристина останала единствениот член на семејството. Се верува дека таа целосно се преселила на приватниот остров Скорпиос на нејзиниот татко, каде секоја вечер приредувала забави.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-14.jpg

Таа имала четири брака со кратко траење, од кој најкатастрофален бил четвртиот со францускиот фармацевтски наследник Тиери Расел. Иако бракот траел помалку од 3 години, Кристина со него ја добила ќерката Атина.

Расел јавно ја изневерувал Кристина со шведската манекенка Мариан Габи Ландхаге, па кога првиот пат добил дете со љубовницата, богатата наследничка на Оназис му простила, а кога го добил и второто дете со неа, таа одлучила да стави крај на бракот.

Кристина се сомневала дека Расел сака да се домолкне до нејзините пари, па ставила посебни услови во тестаментот под кои услови нејзината ќерка Атина би можела да го добие наследството.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-17.jpg

Во 1988-ма година, откако повеќе години се борела со депресија и примала редовно лекови за состојбата, Кристина била најдена мртва во када во стан на пријатели во Буенос Аирес, а нејзината ќерка Атина имала само 3 години.

Иако се верува дека починала од срцев удар како последица на долгогодишно користење лекови, нејзината смрт и до ден-денес останува мистерија.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-16.jpg

Малата Атина ќе го продолжи животот заедно со нејзиниот татко и неговата љубовница.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-20.jpg

Атина денес е последната преживеана од семејството Оназис, а за разлика од нејзините предци сака да живее целосно повлечен живот, подалеку од очите на јавноста и скандалите, иако во последните неколку години беше топ тема заради скандалозниот развод со сопругот кој јавно ја изневеруваше.

beshe-najbogat-chovek-vo-svetot-brak-so-djeki-kenedi-fakti-za-prokletstvoto-na-grkot-aristotel-onazis-18.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg