Виц на денот: Обама vs. Медведев

vic-na-denot-medvedev-vs-obama-povekjeОтишол рускиот претседател Медедев на гости кај Обама. Обама го одвел до некоја машина: - Еве, притисни на копчињава и ќе се изненадиш.


Русинот притиснал на првото копче и од никаде излегла боксерска ракавица и го удрила по носот. Притиснал и на второто копче, кога му се истурила чаша вода на глава. Кога притиснал на третото копче, добил клоца по задникот. Си рекол во себе:

- Ќе ми дојдеш ти мене во Русија.

Кога Обама отишол на гости кај Медведев, тој му ја покажал истата машина и му рекол:

- Ајде сега ти притисни со ред на копчињата. Обама притиснал на првото копче и ништо не се случило. Стиснал и на второто и на третото и повторно ништо.

- Ништо не ви работи тука, отидов јас назад во Америка.

А, Медведев на тоа му одговорил:

- Во Америка?! Која Америка?

Би можело да ве интересира:

Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче? „Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу вни...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg