Перо си ја барал бељата

pero-si-ja-baral-beljata-povekjeЕден ден, додека чекале ред во мензата, Перо му рекол на Трпе: Ќе морам да одам на доктор, многу ме боли лактот. „Имам предлог како да не...


...потрошиш многу пари на тоа“ – му рекол Трпе

„Доле има дијагностички компјутер - автомат. Само треба да донесеш урина и ќе добиеш дијагноза со предлог решение на проблемот. Тоа трае 10 секунди и чини 200 денари – што е многу помалку отколку на лекар.“

И така Перо спремил урина во шишенце и го однел. Откако ставил 200 денари, компјутерот му побарал и урина...Ја истурил во машината и чекал...

После 10 секунди компјутерот му испринтал извештај:

„Имате тениски лакт. Грејте го во топла вода и избегнувајте тешки работи...ситуацијата ќе се поправи за две недели. Ви благодариме што ги користевте нашите услуги...“

Таа вечер додека размислувал за новото технолошко чудо, Перо се запрашал дали би можел да го збуни компјутерот.

Помешал малку вода од чешма со измет од кучето, додал урина од ќерката и жена му и се добро измешал. Наредното утро нетрпеливо побрзал кон автоматот за да го види резултатот. Уплатил 200 денари, ја истурил мешавината и чекал резултат:

Компјутерот го испринтал следното:

  1. Вашата вода е тврда. Препорачуваме да користите омекнувач на вода.
  2. Вашето куче има глисти. Дајте му апчиња за прочистување.
  3. Вашата ќерка користи кокаин. Испратете ја на лечење.
  4. Вашата сопруга е бремена. Очекува близнаци. Не се ваши. Ангажирајте адвокат.
  5. Ако не престанете да си играте со себе, никогаш нема да го опоравите лактот.

Ви благодариме што ги користевте нашите услуги!

Би можело да ве интересира:

Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
16 работи кои се толку лошо изведени, што нема да ви се верува дека некој земал плата за нив (фото) Избетонирани шахти, извиткани цевки, наместена тоалетна школка без простор за се...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg