|
Велат дека како ќе ти тргне петокот, таков ќе ти биде викендот. А, ние ќе се погрижиме овој викенд да бидете насмеани. Денес на менито - малиот Перица.
За време на училишниот час, Перица се загледал во наставничката и не го тргал погледот од неа. После некое време, наставничката му пришла да го праша зошто ја гледа така.
Перица и одговорил: - Наставничке, јас вас ве сакам! - Но, Перица, јас не сакам мали деца. - Ќе пазиме наставничке, ќе пазиме!
Доаѓа Перица дома и го прашува татко си што е трансвестит. Татко му му одговорил: - Оди кај мајка ти па прашај го!
Перица сиот среќен му вика на татко му: - Тато, тато, најдов 100 евра! - Дали си сигурен дека некој ги загубил? - Па нормално, го гледав како ги бара!
Татко му го прашува Перица: Ги знаеше ли сите прашања на тестот? Ги знаев! – одговорил Перица. А, како тоа си добил кец? Па не ги знаев одговорите!
Ги прашува наставничката децата: Кое е ова време: јас купувам, ти купуваш, тој купува? На тоа Перица одговара: Време на распродажби наставничке!
Наставникот по вероисповест ги прашува децата: Колку долго Адам и Ева биле во рајот? Перица: До есен! Наставникот: Зошто баш до есен? Перица: Морале да чекаат да созреат јаболките!
Перица: Но, мамо, јас не сакам сирење со дупки! Мајката: Добро сине, изеди го сирењето, а дупките остави ги!
Перице, како си можел да и кажеш на сестра ти дека е глупава, кажи и дека ти е жал! „Сестро, жал ми е што си глупава!“
Малиот Перица го прашува татко му: Тато, како сум дошол јас на овој свет? Таткото му одговорил: Те донесе штркот. А Перица на тоа: Е, тато, тато, ти свашта е*еш!
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Фејсбукот на газелите...Во еден поинаков свет, во некоја друга димензија и газелите се забавуваат на Фејсбук. Некој имал премногу слободно време - како изгледа фејсбукот... Мамо, мамо, може ли...?...Во едно нормално семејство мајката подготвува ручек. А, деца како деца, ако се добро воспитани секогаш си прашуваат за дозвола од родителите...
... Како лета времето?...Кога ќе погледнете фотографии кога сте биле деца – што прво ви поминува низ глава? Дали барем еднаш ви светнало да си кажете “Еее, како летаат......
 |